Девојка брутално му се одмаздила на дечкото кој ја откачил заради другарите
Кога ќе кажете одмазда, секој човек има разна замисла и идеја во главата. За некои таа е ситница, а за некои е брутално болна.
Сигурно барем еднаш сте го слушнале изговорот „сабота е ден за машко друштво“.
Па, и овој дечко само сакал да помине саботна вечер со другарите во ноќен клуб. И токму тогаш ја направил најголемата грешка во животот. Или само си ги отворил очите?
Дечкото и девојката чии пораки ви ги пренесуваме во продолжение биле заедно неколку месеци.
Еден викенд испланирале да одат на музички фестивал. Девојката земала карти, дечкото не платил ништо. Добил дури и голи фотки од тазе потемнетиот тен. Звучи идеално.
„Се е подготвено. Се надевам нема да имам линии под фустанот.“
„Што мислиш? За среќа, каубојските чизми ми ги покриваат линиите од чорапите.“
„Но, нема да стигнам во недела. Затоа и те барав.“
„Не разбирам. Билетите ги имаме со недели. Ако не ти се одеше, можеше да ми кажеш порано и немаше воопшто да ги зимам за тебе. Ова е третпат како имаш изговор во последна минута и доста ми е. Не се ни трудиш.“
„Ќе ти платам за билетите. Ми искрсна нешто. Што се мора, се мора.“
„Не се работи за парите, туку за фактот што имавме планови за во сабота и земав слободни денови од работа за нив, а ти ме откачи во последна минута. Повторно.“
„Па... Саботите се за машко друштво.
Се шегувам.
Еј, шега беше. Кажи ми колку те чинеа билетите. Ќе ти ги вратам парите.
Сакаш да одиме на вечера утре? Јас честам?“
„Саботата беше за машко друштво.“
М. Д. | Црнобело