Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да научите да не ги земате работите при срце?

Живееме во време кога луѓето не се секогаш љубезни еден кон друг и често знаат да користат навреди и погрдни зборови кои може да го повредат другиот.

kako-da-se-nauchite-da-ne-gi-zemate-rabotite-pri-srce-01.jpg

Но, секогаш постои начин да се заштитите од ваквите негативни луѓе и да се справите со она што го прават. Немојте да си го сфаќате лично она што овие луѓе имаат да ви го кажат и никако не си ги земајте нивните зборови при срце.

Еве како да научите да успеете во тоа:

Не им обрнувајте внимание

Секој може да си каже што сака, но тоа не значи дека вие сте должни тоа да го слушате и трпите. Не обрнувајте внимание на негативните работи кои луѓето околу вас ги кажуваат и ги прават. Тие имаат врска само со нив, а никако со вас.

Бидете свои

Една позната изрека гласи: „Секогаш биди свој бидејќи оние на кои тоа им смета не ти се важни, а оние кои ти се важни, немаат ништо против“. Ако некој не се сложува со вашите избори или ставови, тоа е негов проблем. Вие не живеете за другите, туку за вас сами.

Покажете дека немате време за негативности во животот

Злобните коментари и негативните луѓе се нешто кое вам не треба да ве засега. Не се дружете со луѓе кои немаат ништо добро да кажат. Тие се длабоко во себе несреќни и нереализирани, а вие покажете дека имате исполнет живот и немате време за такви неважни глупости.

kako-da-se-nauchite-da-ne-gi-zemate-rabotite-pri-srce-02.jpg

Не го мешајте однесувањето со личноста

Љубовта која би требало да ја носат луѓето во срцата полека се заменува со страв кој ја тера личноста да се однесува нељубезно и да нанесува болка кај другите. Не го сфаќајте ова однесување лично и обидете се да возвратите со љубов и разбирање зошто некој се однесува така. Покажете зрелост и внимавајте како реагирате – можеби некому навистина му е потребна помош.

Простувајте

Да, некои негативни однесувања можеби се наменети лично кон вас, но никогаш не дозволувајте да ви го нарушат внатрешниот мир. Не чувајте омраза и бес во себе, туку отпуштете ги негативните чувства што е можно побрзо и научете да простувате.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg