20 значајни моменти во животот, освен брак и деца
Бракот е важен во животот и претставува прекрасно искуство кое вреди да се доживее. Но, честопати се преценува неговото значење и излегува дека животот на оние кои не искусиле брак или деца е помалку вреден.
Ако сте во таа група, никогаш не треба да се чувствувате како нешто да не е во ред со вашите животни одлуки.
Постојат моменти во животот на секој поединец кои се исто толку големи и значајни како бракот:
Кога ќе завршите дипломски, магистерски или докторски труд со кој сте се мачеле долго време.
Кога ќе си го купите првиот стан откако сте се отселиле од кај родителите. И да е мало станче, чувството е прекрасно.
Кога ќе направите нешто што долго време ви било страв да го направите: нешто големо како скокање со параглајдер или нешто што едноставно сте немале храброст, како да се запишете на час по танц.
Кога поминувате низ процес на болно раскинување, но имате доволно сила да не се вратите во токсичната врска.
Кога помагате на оние на кои најмногу им треба, без разлика дали донирате за болни деца или подарувате облека.
Кога барате покачување на платата бидејќи знаете дека го заслужувате.
Кога имате доволно пари да им платите одмор на вашите родители кои цел живот се грижеле за вас.
Кога прифаќате работа која е сосема различна од сето она што досега сте работеле и ви носи нова возбуда во животот.
Кога конечно успевате да си купите сопствен автомобил, на старо или на ново, не е важно.
Кога ќе стигнете до моментот да не се грижите толку за физичкиот изглед, туку да сакате да бидете среќни и убаво од внатре.
Кога конечно ќе донесете одлука да ослабете или да го смените нездравиот начин на живот.
Кога за првпат сами ќе решите некој голем проблем, без помош и совети од останатите.
Кога ќе направите драстична промена во изгледот – кратка фризура, тетоважа, облека која никогаш не сте ја носеле досега.
Кога ќе отворите штедна книшка, без разлика дали почнувате со мала или голема сума.
Кога ќе соберете храброст да дадете отказ од работата што ја мразите и да се впуштите во нешто сосема ново и непознато.
Кога за првпат ќе заминете на одмор – сами, со друштво или со партнер.
Кога ќе си го купите првото парче мебел од свои пари, а не подарено од родителите или позајмено од некој близок.
Кога ќе ви дојдат гости, а вие сами ќе го зготвите јадењето.
Кога ќе бидете доволно зрели да признаете кога сте згрешиле и да се извините.
Кога ќе стигнете до одредена возраст кога нема веќе да сакате да се вратите во младоста, туку ќе бидете задоволни од тоа каков ви е животот во тој момент.
М. В. | Црнобело