3 причини зошто секој ден треба да ги подигнете нозете на ѕид
Подигнување на нозете на ѕид додека лежите е стара техника која има многу здравствени придобивки. Ако имате работа во која цел ден сте пред компјутер, телото се згрчува, а во нозете се намалува циркулацијата поради тоа што цел ден се свиткани.
Еве кои се трите клучни причини поради кои треба да ја практикувате оваа вежба:
Го смирува телото
Легнете на под или на кревет со раширени раце, а нозете подигнете ги на ѕид. Во оваа положба останете 5-15 минути. Оваа положба ја смирува болката во долниот дел од телото која најчесто се јавува после вежбање или долго седење на компјутер, ги распоредува течностите во организмот на правилен начин и ја враќа циркулацијата.
Го поправа држењето
Уште една работа која се јавува како последица на долго седење е неправилното држење. Кога нозете се подигнати, се отвора рамениот појас и држењето постепено се поправа. Ако имате проблеми со згрбавеност или лошо држење, практикувајте ја оваа вежба секој ден. Резултатите ќе ги забележите по две недели.
Го смирува умот
Додека сте во оваа положба, дишете длабоко и ритмично. Оваа вежба делува и како медитација, нешто што е неопходно во модерното стресно живеење. Опуштете се, не посегнувајте по телефонот и ослободете го умот од мисли.
М. В. | Црнобело