6 совети како да ја зголемите вашата самодоверба

Врз самодовербата може да влијаат работите што ги правите, но и што не ги правите.

6-soveti-kako-da-ja-zgolemite-vashata-samodoverba-01

Ако чувствувате дека сте во фаза кога самодовербата ви е разнишана, овие неколку совети ќе ви помогнат повторно да чекорите со високо крената глава и да зрачите каде и да се појавите.

Не е тајна дека сè што мислиме и правиме е резултат на нашите навики, но нашите навики со упорност може да се променат, а со тоа да ги променат и нашите емоции и верувања.

Еве неколку совети за зголемување на самодовербата:

Останете во сегашноста

Најголем стрес и негативни емоции ни предизвикуваат спомените за работите кои тргале на лошо или мислите за иднината, која може да биде помалку совршена од посакуваното. Неуспесите од минатото и грижата како ќе испаднат работите во иднина, може да ви донесат само лошо.

Умот сконцентрирајте го на сегашноста. Доколку барем малку негативните мисли ве надвладеат, планирањето на иднината всушност ќе се претвори во грижа за иднината.

Не судете

„Не судете за да не ви биде судено“ е поговорка со многу вистина во себе. Вие несвесно со навиката да им судите на другите, всушност си правите споредба со нив. Кога некој ќе го процените како подобар од вас, со тоа ќе ја нападнете својата самодоверба.

Обидете се за некој настан да се информирате без притоа да формирате мислење дали тој настан, луѓето и акциите се правилни, погрешни или глупави, а потоа истото сторете го и за луѓето.

Застанете исправено

Истражувањата покажуваат дека добрата позиција на телото влијае врз вашето расположение. Тешко е да одите згрбавени со главата надолу и да се чувствувате добро. Ако чекорите исправено луѓето ќе ве перципираат како самоуверени.

Не плашете се да направите контакт со очите со другите, погледнете ги директно и ќе се чувствувате подобро во врска со себе. Не треба да зјапате во нив, но контактот со очи е неопходен одвреме навреме.

Барајте го својот простор

Луѓето со ниска самодоверба не сакаат да бидат забележани. Од друга страна, луѓето со висока самодоверба се истакнуваат, а начин да го сторите тоа е да заземете свој простор.

На пример, кога стоите, малку раширете ги нозете. На тој начин ќе му покажете на светот дека имате храброст. Обидете се да ги раширите и рацете, наместо да ги држите свиени на градите.

Правете фаци

Фацата што ја правите на лицето често влијае на вашето расположение. Треба да се стремите да имате фаца на самоуверен победник. За различни луѓе, тоа е различно.

Кај  некои тоа е насмевка, додека кај други сериозна фаца. Изборот останува на вас, но никогаш не правете фаца на скршена, поразена личност. Тоа не само што влијае на вашето расположение, туку влијае и на тие околу вас.

Кога се смеете, целиот свет ќе се смее со вас.

Глумете самоуверена личност

Овој чекор ги вклучува сите претходни. Замислете како личност со голема самодоверба би реагирала во одредена ситуација и делувајте така.

Можеби на почетокот ќе ви биде чудно и луѓето што ве знаат ќе имаат тешкотии да го прифатат вашиот нов сериозен став, но ако сте упорни ќе успеете.

Упорноста ќе направи вашиот мозок да реагира на овој начин и ќе станете свесни за вашите мисли, ставови и однесувања.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg