5 навики поради кои донесувате погрешни одлуки
Да бидеме реални, сите понекогаш донесуваме одлуки кои подоцна сфаќаме дека не се добри за нас.
Некои луѓе почесто грешат во донесувањето одлуки поради одредени свои навики. Но, ако работите на себе ќе можете да преземете чекори за полесно да донесувате позитивни одлуки во животот.
Ослободете се од овие неколку лоши навики за секогаш да го правите вистинскиот избор:
Премногу ги слушате другите
Ако секогаш ги прашувате други за мислење за работи што се однесуваат лично на вас, си правите штета себеси. Запрашајте се, дали ги слушате другите бидејќи така ви е полесно или бидејќи навистина се согласувате со нивните ставови?
Често сте неодлучни
Ако премногу размислувате пред да донесете одлука и за најмалите секојдневни ситници, па потоа се предомислувате, тоа значи дека најчесто ќе згрешите. Оставете ги работите да течат по својот нормален тек и одговорот сам ќе ви дојде.
Не сте истрајни во своите цели
Сте донеле некој одлука и ја почитувате првите неколку денови, па потоа продолжувате по старо. Не се откажувајте. За позитивни промени треба време. Бидете упорни и истрајни и не дозволувајте ништо да ве спречи.
Фокусирани сте на минатото
Во животот е важно да ги научите лекциите од минатото, но не се вртете назад често. Научете ја лекцијата и продолжете понатаму. Не се заглавувајте во тоа како било, пронајдете нови решенија и гледајте напред.
Ретко признавате вина
Ако вината секогаш ја барате во другите луѓе, време е да престанете да го правите тоа. Погледнете во себе и бидете објективни и само-критични. Признајте кога сте згрешиле и што можете да направите во иднина за да донесете подобри одлуки.
М. В. | Црнобело