Работи кои мора да престанете да ги очекувате од другите

Кога имаме превисоки очекувања од луѓето околу нас си правиме повеќе лошо, отколку добро. Нема ништо корисно во постојано анализирање на нечие однесување кон нас и размислување зошто некој така се поставил или како може некој тоа да ни го каже.

raboti-koi-mora-da-prestanete-da-gi-ochekuvate-od-drugite-01.jpg

Ако сакате да бидете посреќни, не очекувајте премногу. Бидете разумни и не ги сфаќајте работите премногу лично. Престанете да очекувате од другите дека:

Секогаш ќе бидат тука за вас

Кога конечно ќе се ставите себе на прво место, нема веќе да ве боли ако некој не е достапен во секој момент за вас.

Ќе се однесуваат со вас онака како што вие се однесувате со нив

Сé додека другите не станат свесни за нивното однесување кон самите себе, не очекувајте дека ќе се однесуваат нешто поразлично кон вас. Прифатете го фактот дека немаат сите ист морален код како вашиот.

Секогаш ќе ве разберат

Нема секој секогаш да ги разбере вашите животни избори и тоа е сосема во ред. Вие сте тие кои живеете со одлуките што ги носите и само вие разбирате зошто сте го одбрале тој пат.

raboti-koi-mora-da-prestanete-da-gi-ochekuvate-od-drugite-02.jpg

Ќе ви ги читаат мислите

Ако некој ве познава, не значи дека знае што мислите и што сакате во секој момент. Кажувајте ги гласно работите кои ви сметаат или кои би сакале другиот да ги промени. Ако има взаемна љубов и почит, сé ќе се реши.

Ќе останат секогаш исти

Луѓето кои работат на себе се менуваат секојдневно. Не очекувајте дека ако некој толерирал некое ваше однесување или бил љубезен со вас одреден период, ќе биде сé уште ист. Не осудувајте. Не знаете зошто некој се променил.

Ќе ве сакаат ако вие не се сакате сами себе

Секој однос почнува и завршува со самите нас. Не ја барајте љубовта што си ја должите себеси на друго место.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg