Изглумил срцев удар, ставил црв во месото: Чудни начини да не ја платиш сметката во ресторан
Моментот кога ќе дојде време да се плати сметката во ресторан некои луѓе го доживуваат многу стресно, па ќе направат сé за да избегнат да дадат пари.
Од глумење срцев удар, до намерно ставање црв во месото, за овие луѓе не постојат граници на пристојно и разумно однесување.
Мора да признаеме дека дел од нив биле мошне инвентивни во нивниот план, иако некои биле откриени и казнети.
1. Џереми Хит добил идеја да изглуми дека има срцев удар за да не плати за јадењето во некој ресторан. Екипа на брза помош и го однела во амбуланта каде се воспоставило дека сé е во ред, па го пуштиле. Ова го правел неколкупати додека не сфатиле дека е намерно, па сега Џереми е во затвор.
2. Крис Бејкер вечерал во ресторан каде имало промоција за Денот на вљубените – оброк за 9 долари. Откако завршил, извадил од џебот на јакната мало глувче и го пуштил во ресторанот. Гостите биле вчудоневидени, а Крис го викнал менаџерот да се расправа и го пуштиле без да плати.
3. Коди Џејмс Бартон облекол униформа и се преправал дека е полицаец кога влегол во еден ресторан за да добие бесплатен оброк. Но, други полицајци кои седеле таму му кажале на келнерот дека Коди е обичен измамник, па го уапсиле.
4. Додека јадел пилешко, Стиви Ламберт се пожалил на келнерот дека во јадењето нашол црв. Кога дошол келнерот, навистина имало црв, па не му наплатиле за храната. Но, камерата во ресторанот покажала дека Стиви намерно го ставил црвот таму, па за тоа морал парично да одговара.
5. Двајца тинејџери во Тексас се договориле да одат во ресторан и да изглумат дека момчето ја бара за жена девојката за да добијат бесплатен десерт. Им успеало.
М. В. | Црнобело