Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 навики што мора да ги практикувате за да не западнете во финансиски долгови

Да западнете во финансиски долгови е лесно, но да ги отплатите истите е вистински предизвик.

3-naviki-koi-mora-da-gi-praktikuvate-za-da-ne-zapadnete-vo-finansiski-dolgovi-01

И додека повременото трошење повеќе од што имаме е во ред, денес за жал кај многу луѓе стана практика да гледаат на долгот како на дел од нивниот животен стил. Најчестата грешка е правењето на големи купувања без размислување за последиците.

Без разлика дали станува збор за одмор на далечна, егзотична дестинација или за нов iPhone, мотото дека се живее еднаш и треба да си го дозволите тоа што го сакате може да ве втурне во сериозни проблеми.

Ќе биде тежок предизвик, но овие навики во врска со фининасиите морате да започнете да ги практикувате за да не западнете во долгови на кои потоа каматите од ден на ден само ќе им растат.

Купувајте го само она што можете да си го дозволите

За да утврдите кои големи купувања можете да си ги дозволите, креирајте месечен буџет. Пресметајте по плаќањето на сметките и другите фиксни трошоци како кредит, позајмици, рати на кредитни картички, храна, колку чисти пари ќе ви останат.

Ако овие давачки варираат извадете просек од последните три месеци. Откако ќе ги тргнете на страна парите за основни потреби од вашиот приход, преостанатите можете да ги намените за некои големи купувања.

Одржувајте неколку сметки

Парите сместете ги на неколку сметки или во неколку паричници доколку ги чувате дома. Едната нека ви биде за намирници, друга за плаќање струја, вода, интернет, трета за дневни трошоци. Ова ќе ви овозможи да не го надминете месечниот буџет за секоја категорија бидејќи внимателно ќе следите колку трошите во различни сфери.

Ако имате некоја голема набавка на хоризонтот, отворете посебна сметка за да штедите за таа цел. Можете дури да направите при легнувањето на платата веднаш мала сума да ви се префрла на таа сметка.

Откако ќе ја соберете посакуваната сума можете веднаш да го направите купувањето. Ќе се чувствувате и повеќе од задоволни.

Размислувајте надвор од банката

Важно е да си поставувате себеси финансиски голови. Условувајте се себеси и наградувајте се.

На пример наградете се со нов пар патики за трчање ако успеете да ја исполните обврската да го посетите фитнес центарот најмалку 10 пати овој месец. Или ако сакате да ја посетите Италија прво поставете си цел да ги научите основите на италијанскиот јазик и да можете да се снаоѓате во конверзација.

Кредитните картички се прекрасна алатка што им дозволува на луѓето да ги покријат трошоците кога им недостасуваат пари ако се користат одговорно, но ако долгот само се зголемува тогаш работите сами против себе.

Со планирање однапред ќе бидете чекор поблиску до нов автомобил или телефон, управувањето со парите го диктира она што ќе можете да си го дозволите утре.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg