Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фотки на плажа: 5 трикови со кои ќе изгледате најубаво во костим за капење

Со најголемите тајни на професионалните фотографи и модели, до совршен изглед на фигурата на летните слики.

fotki-na-plaza-5-trika-so-koi-kje-izgledate-najubavo-vo-kostim-za-kapenje-1.jpg

Доколку имате впечаток дека само на другите совршено им излегуваат летните фотки на Инстаграм и Фејсбук, а вам никако да ви успее да се прикажете во најубаво светло, не грижете се.

И вие може да научите да позирате како вистинска манекенка, затоа што клучот е во правилната поза.

fotki-na-plaza-5-trika-so-koi-kje-izgledate-najubavo-vo-kostim-za-kapenje-2.jpg

За таа намена, ви откриваме кои се петте трика што ги користат професионалните фотографи и модели, а со чија примена ќе изгледате најдобро во костимот за капење на летните фотографии:

1. Исправете се

Ако се држите подгрбавено и склопчено, автоматски ќе изгледате пониски, нозете и рацете ќе ви делуваат пократки отколку што навистина се, а и целата силуета може да ви биде искривена.

fotki-na-plaza-5-trika-so-koi-kje-izgledate-najubavo-vo-kostim-za-kapenje-3.jpg

2. Ставете ги рацете на колковите

Прекрстете ги рацете во лактовите и ставете ги на колковите – како да се лутите и викате на некого. Припазете и на положбата на дланките. Доколку со рацете цврсто ја стиснете половината, а прстите ги приближите што е можно повеќе, визуелно ќе го стесните струкот во значителна мера, постигнувајќи ефект на песочен часовник.

fotki-na-plaza-5-trika-so-koi-kje-izgledate-najubavo-vo-kostim-za-kapenje-4.jpg

3. Испакнете ја вилицата

Ако го потенцирате долниот дел од лицето, автоматски вратот ќе ви изгледа подолго, потенко и поубаво (а со тоа и целата фигура), додека лицето ќе ви се затегне.

fotki-na-plaza-5-trika-so-koi-kje-izgledate-najubavo-vo-kostim-za-kapenje-5.jpg

4. Сликајте се од полупрофил

Сте забележале ли дека повеќето ѕвезди на црвениот килим, им позираат на фотографите така што првин ќе им го свртат грбот, а потоа ќе се завртат кон објективот во полупрофил? Во таква поза, мнозинството излегува најдобро на фотографиите, затоа што силуетата на телото поприма совршен изглед, особено ако едната нога ја држите испружена, а другата лежерно ја свиткате во коленото.

fotki-na-plaza-5-trika-so-koi-kje-izgledate-najubavo-vo-kostim-za-kapenje-6.jpg

5. Жабја перспектива

Нека личноста која ве слика пополека се спушти и направи фотографира одоздола. На тој начин, добивате сосема нова перспектива – нозете ви изгледаат подолги од што навистина се, а градите како да им пркосат на законите на гравитацијата.

fotki-na-plaza-5-trika-so-koi-kje-izgledate-najubavo-vo-kostim-za-kapenje-7.jpg

 М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg