10 грешки во однесувањето заради кои луѓето не ве почитуваат

Дали некогаш сте забележале дека добрите луѓе најчесто не ја добиваат почитта што ја заслужуваат?

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-01.jpg

Тие секогаш им помагаат на другите, трпеливи се, не држат лутина, но сепак, од некоја причина, тие постојано се чувствуваат вознемирено и осамено.

Психолозите веруваат дека причина за ова е грешниот начин на кои самите тие се однесуваат.

Погледнете низ илустрации неколку примери зошто е тоа така и како може да се поправи.

Непотребно жртвување

Ги потиснувате своите потреби за да го задржите мирот, но никој тоа не го забележува. Ова може да предизвика луѓето да ве вознемируваат постојано. Не се плашете да го кажете тоа што не ви се допаѓа.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-02.jpg

Недостаток на самопочит

Не забележувате или едноставно замижувате на тоа што луѓето се однесуваат лошо со вас. Но некој што е некултурен, нема да ве сака, ниту почитува, па зошто да го трпите тоа?

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-03.jpg

Зависни се од туѓото одобрување

Луѓето кои постојано имаат потреба од одобрување и пофалби од другите, даваат сигнал како да имаат проблем со себе,  а останатите ги избегнуваат таквите. Вашето мислење треба да ви биде најважно.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-04.jpg

Го бараат изворот на проблемите само во самите себе

Секогаш се обвинувате себеси за сѐ што се случува околку вас, но никој нема да ви биде благодарен за тоа. Бидете поопуштени.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-05.jpg

Сами себе се пофалуваат

Не треба никого да молите за почит и сами себе да се фалите за своите предности. Верувајте во себеси и покажете дека вредите, па другите нека ве пофалат.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-06.jpg

Страв од одбивање

Не се плашете да кажете „не“. Дури и најљубезните луѓе може да ве искористат ако им дозволите. Помагајте им на другите, само кога навистина им е потребно.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-07_copy.jpg

Не ги гледаат сопствените интереси

Се прилагодувате на потребите на другите и заборавате на вашите. Слушајте ги вашите желби и не се плашете да ги кажете. Секогаш постои компромис.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-08.jpg

Не поставуваат лимит за тоа што е прифатливо

Секогаш простувате затоа што мислите дека е полесно тоа наместо да го држите својот став. Поставете си граници кои никој нема да смее да ги премине и сите ќе ги почитуваат.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-09.jpg

Страв од осаменост

Се жртвувате себеси за доброто на врската, но не треба да го правите тоа. Не се плашете од промени и бидете храбри. Подобро е да бидете сами и слободни, отколку заробени во несреќна врска.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-10.jpg

Верување дека почитта треба да биде заслужена

Не го разбирате фактот дека почитта не мора да биде резултат од некоја акција или однесување. Не треба да ја купувате љубовта и почитта. Научете да бидете сакани, лесно и едноставно.

10-greshki-vo-odnesuvanjeto-zaradi-koi-lugjeto-ne-ve-pochituvaat-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg