За што всушност служат линиите на дланките?

Рацете и дланките се делови од телото кои речиси најмногу ги употребуваме, а за да се прилагодат на сите работи за кои ги користиме, како подигнување, пишување и држење, мораат да го менуваат својот облик.

za-shto-vsushnost-sluzat-liniite-na-dlankite-01.jpg

Попрецизно, кожата која ги покрива мора да се прилагоди на комплексните движења.

Тука на сцена „пристигнуваат“ линиите на дланките.

Имено, овие линии уште се нарекуваат и набори или вдлабнувања кои помагаат на кожата да се растегне и потоа повторно да се собере, зависно од тоа каква активност се извршува и кои мускули на дланката се во функција.

Ако ги немаме тие линии на дланките, кожата практично би ни висела надолу кога ќе ја собереме дланката.

Погледнете подобро на својата рака и ќе забележите дека секоја линија е на место каде дланката се свива. Истото важи и за лактите, зглобовите и колениците.

Линиите кои ни ја држат кожата настануваат додека сме уште во стомак, околу 12-тата недела од зачнувањето.

Дебелината и бројот на линии на дланките зависат од генетски фактори.

Поголемиот дел на луѓето имаат три главни линии на дланката, но ако некоја недостасува, тоа може да биде знак на абнормален развој, односно на Даунов синдром или фетален алкохолен синдром и други генетски нарушувања.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg