„Ништо не знаеш“: Фрази со кои манипулаторите контролираат
Манипулаторите секогаш се обидуваат да ја намалат нашата вредност за да го добијат тоа што го сакаат.
Вршат притисок, критикуваат и ве тераат да се сомневате во сопствените способности...
Како ќе препознаете дека сакаат да ве контролираат?
По фразите кои најчесто ги употребуваат кога сакаат да добијат нешто:
Манипулаторот сака да се сомневате во себе и сопствените сеќавања. Многу е лесно да се обвини другата страна дека не разбира. Така, манипулаторот за ништо не е виновен.
Уште еден начин да ве натера да почнете да се сомневате во себе. Но, ако нешто ви е важно, треба да остане како такво и за ништо да не го менувате вашето мислење.
Не му дозволувајте на манипулаторот да ве натера да се откажете од сопствените желби за да може да бидат остварени само неговите.
Манипулаторот секогаш сака да ги истакне вашите маани, недостатоци и слабости, за да ви ја намали самодовербата и на тој начин да ве манипулира. Отворено кажете дека тоа ви пречи.
Со оваа фраза манипулаторот сака да направи да се чувствувате виновни и вниманието да го насочите исклучиво на него. Дајте му до знаење дека решавањето на неговите проблеми е негова задача, не ваша.
„Ти си мајка и така треба да се однесуваш!“, „Ти си родител“... Ваквите изјави наменети да ве навредат не треба да ги одобрувате, наместо тоа додадете „Да и добар родител“...
Н. Г. | Црнобело