Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чекор по чекор: Како да отстраните дамки од боја на облеката?

Ниту една мала дамка на боја не смее да ве спречи ниту да ве оддалечи од желбата за облекување на вашата омилена маичка.

kako-da-otstranite-damka-boja-od-vashite-alishta-2.jpg

Без разлика дали работите на некои занаетчиски проекти или го пребојадисувате вашиот дом, голема е веројатноста да завршите со една или две дамки од боја на вашата облека.

Тоа не би било проблем ако ја носите вашата работничка облека. Но, ако случајно се истури некој пигмент на омиленото парче облека - тоа е проблем.

Немојте да паничите, сѐ уште нема потреба ништо да фрлите во отпад. Со само неколку постапки може да го направите омиленото парче облека да изгледа како ново.

Што ви е потребно:

  • пластичен нож или лажица
  • терпентин
  • мека четка за заби
  • детергент
  • хартиени марамчиња

Како да ги отстраните дамките?

1. Отстранете ја непосакуваната боја така што најпрво ќе стружете со пластичниот нож или лажица. Избегнувајте користење на нешто што е преабразивно со цел да ги спречите оштетување на чувствителниот мебел - штоф. Кога ќе завршите, со хартиена крпа избриштете и тапкајте за да го отстраните остатокот.

2. Одлуката за третманот кој ќе го направите е во зависност од типот на бојата со која се справувате. Ако е водено-базирана боја, потопете ја облеката во ладна вода додека бојата не се повлече. За акрилни и маслинести бои, можеби ќе биде потребно да направите пред-третман на дамката со малку терпентин.

3. Ако дамката не се остранува комплетно со едноставно решение, може да употребите мека четка за заби и детергент за шарени алишта. Потурете малку детергент и четкајте во една насока за да го отстраните тоа што останало.

4. Измијте ја облеката веднаш после третманот откако ќе направите уште една проверка на дамката и за последен пат третирајте ја со топла вода и терпентин.

Запаметете, дека полесно е да се отстрани свежа дамка, во споредба со постара дамка која веќе е сува. Поради тоа, подобро е да справите со проблемот што е можно побрзо.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg