Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да откриете дали постелнината во хотелот е чиста?

Исцрпени после долгиот работен ден или денот исполнет со шетање се враќате во хотелската соба и сè што сакате е да се истуширате и да „нурнете“ во кревет.

Kako-da-otkriete-dali-postelninata-vo-hotelot-e-cista-01

Штом ја ставите главата на перница започнуваат да ви се вртат некои малку чудни мисли од типот „Чиста ли е постелнината?“, „Ја смениле ли утрово или лежам на постелнина на кој лежел и некој друг?“...

Сакајќи да одговорат на овие прашања новинарите од американската емисија „Inside Edition“ одлучиле да проверат дали постелнината е навистина чиста во хотелите каде отседнувале.

За таа цел членовите на екипата се јавиле во неколку „пристојни“ њујоршки хотели, резервирајќи ја истата соба неколку вечери едноподруго, но под различни имиња.

Првата вечер гостинот новинар со флуоресцентна боја на чаршавот напишал „Јас спиев овде“.

Кога следната вечер се вратил носејќи со себе ултравиолетова ламба имал и што да види! Погодувате, го дочекал истиот чаршав.

Три од девет хотели кои бил дел од проверката не ги менувале чаршавите. Тешко дека некој би имал време, пари и волја да го повтори овој тест, но сепак постои начин со кој можете да проверите дали постелнината на која треба да спиете е чиста.

Секако ако немате желба да носите ултравиолетова светилка со себе добро е да избирате апартмани или друг вид сместување кои не вклучуваат голем број соби и на кои може да се посвети доволно внимание кога е хигиената во прашање.

Во помалите објекти помала е веројатноста да налетате не нечиста постелнина или недоволно исчистена соба, но сепак и во двата случаи постои можност за проусти.

А ако толку многу сте загрижени за хигиената тогаш наједноставно е да си носите сопствена постелнина и да спиете мирно без постојано да се мислите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg