Кој дел од денот е најдобар за секс, мерење на тежината и вежбање?

Времето е прилично важно посебно кога станува збор за човековото тело. Подигнување или снижување на хормоните, телесната температура и другите физички фактори влијаат не само на нашиот организам туку и на активностите кои ги правиме.

koga-e-najdobro-vreme-za-seks-merenje-na-tezinata-ili-vezbanje-01.jpg

Постои време во текот на денот кога сме најсреќни, кога се чувствуваме најубави, кога е вистинско време за добар секс, а и кога е време за легнување во кревет.

Иако на прв поглед советите се чинат како невозможни, научниците тврдат дека со придржувањето до таквиот ритам, можете многу подобро да функционирате.

Кое е идеално време за најважните активности?


Најдобро време за секс (5:48)

Машкиот и женскиот оргазам се најсилни во различни периоди во текот на денот, но пости време кога и двајцата можете да бидете во исто расположение. Машкото ниво на хормонот тестостерон на врв е во текот на ноќта, а кај жените сексуалното расположение расте во текот на денот.

Меѓутоа, истражувањето кое е направено од страна на списанието British Medical Journal открива дека првата сончева светлина го подигнува расположението и кај мажот и жената. Токму затоа, кога сонцето изгрева е најдобро време за секс во кој и двајцата партнери можат да достигнат оргазам.


Потенцијален срцев удар (6:53)

Научниците од Универзитетот Харвард откриваат дека утрото има најголем потенција за добивање на срцев удар, бидејќи тоа е периодот кога надбубрежните жлезди започнуваат да лачат поголеми количини на адреналин за да се шокира организмот и разбуди.


Најдобро време за расонување (7:35)

Иако нашето тело започнува многу порано да се расонува, научниците сметаат дека ова е најидеално време за станување од кревет.


Најдобро време за мерење на тежината (7:40)

Истражување направено од Универзитетот Браун на почетокот на оваа година направило истражување кое открива дека оние луѓе кои се мерат на вага рано наутро ја задржуваат или намалуваат својата телесна тежина, а оние кои се мерат попладне имаат големи разлики во тежината кои најчесто се однесуваат на нејзино покачување.

koga-e-najdobro-vreme-za-seks-merenje-na-tezinata-ili-vezbanje-1.jpg

Најголемо чувство на среќа (8:00)

Иако на многумина утрото им носи стрес поради утринските обврски, проблемите на работното место и стравот од доцнење на работа, научниците откриваат дека ова време е и времето кога сме најсреќни.


Најлошо време за пиење на кафе (9:17)

Иако најголемиот дел од луѓето во утринскиот ритуал ја имаат и првата шолја кафе, научниците откриваат дека ова е најлошо време за ваквото уживање, бидејќи нашиот организам тогаш има највисоко нив на „хормонот на стресот“ кортизол.

Најдобро време за да го направите тоа е меѓу 10 часот наутро и во попладневните часови помеѓу 14 и 17 часот.

koga-e-najdobro-vreme-za-seks-merenje-na-tezinata-ili-vezbanje-2.jpg

Најдобро изгледаме (10:06)

Покрај тоа што се чувствуваме добро, така и изгледаме. За разлика од 16:06 кога владее највисоко ниво на стрес и кога сме во најлошо издание.


Најчеста смртност (11:00)

Можеби ова и не сакате да го знаете, но научниците откриваат дека ова е време од денот кога смртноста е најчеста.


Најдобро време за дремење (12:37)

Можеби ви се чини прерано и уверени сте дека идеално време за дремка се попладневните часови, но ова е моментот кога вашата телесна тежина опаѓа и телото престанува да произведува мелатонин.

koga-e-najdobro-vreme-za-seks-merenje-na-tezinata-ili-vezbanje-3.jpg

Најдобро време за посета на забар (14:00)

Британската стоматолошка асоцијација вели дека ова е најдобро време за посета за заболекарот. Локалната анастезија трае трипати подолго токму во овој период.


Време за чистење (15:13)

Координацијата меѓу рацете и очите во ова време е во највисока складност, па тогаш ќе бидете и најпродуктивни во однос на чистењето на домот.

koga-e-najdobro-vreme-za-seks-merenje-na-tezinata-ili-vezbanje-4.jpg

Оставање на најлошо мислење (16:41)

Најмалку сме друштвени помешу 16 и 18 часот па тогаш е најголема веројатноста и дека најмалку ќе ги импресионираме луѓето околу нас. Енергијата во овие попладневни часови забележува пад, па со тоа ни се намалува и целокупната способност за размислување.


Најдобро време за вежбање (17:44)

Највисоките олимписки светски рекорди се направени во доцните попладневни часови. Нашата физичка подготвеност е најголема, а ризикот од повреди најмал меѓу 15 и 18 часот.


Највисока креативност (22:51)

Иако ова време во вас завладува заморот, ова е времето и кога сте најкреативни. Истражување направено на повеќе од 400 студенти во САД открива дека ова е идеално време за креативност.


Време за породување (4:36)

Најголемиот број на новороденчиња доаѓаат на светот помеѓу 3 и 5 часот наутро. Вашет тело ви кажува дека тоа е периодот за најсигурно и најздраво породување. Причината лежи во тоа што нашиот мозок и мускули се во опуштена состојба па и чувството на болка е најниско поради најголемата количина на мелатонин во организмот.

koga-e-najdobro-vreme-za-seks-merenje-na-tezinata-ili-vezbanje-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg