Го разубавиле утрото на сите оние кои се нашле во метрото (видео)
„Секој ден е посебен, ако го направите да биде таков“, така гласи слоганот под кој овие момци од Австралија се одлучиле да им приредат едно позабавно утро на своите сограѓани кои патувале во метрото.
Моментално е зима во Австралија и овие момци именувана како „The Liberators“ решила да им го разубави утрото на патниците во едно метро упатено накај градот Перт, Австралија.
На самиот почеток на работната недела кога сите сè уште се поспани и мрзеливи, постојат неколку работи кои можат да го подобрат денот. Доволно е некој да ви се обрати и да ви го подобри расположението.
А, што ако дополнително на тоа некој започне да пее една добро позната песна од Џуди Гарланд направена за филмот „The Wizard of Oz“?
Веројатно ќе го направи уште подобар...
Токму ова го направиле овие двајца Австралијанци.