На што пријателите најмногу ви љубоморат?

Сите ние барем еднаш во животот сме почувствувале завист или љубомора колку и колку и да сме посакале да контролираме тие чувства, тоа не ни успевало.

na-shto-prijatelite-najmnogu-vi-ljubomorat-01.jpg

Љубомората е прилично сложено чувство кое потекнува од една едноставна желба: го посакуваме она што некој друг го има или мислиме дека го има.

Чувството на љубомора е нашата реакција на личноста која е успешна и поседува вештини или квалитети кои и ние сакаме да ги поседуваме.

Кога љубомората се појавува меѓу двајца пријатели таа може да доведе до голема напнатост и низа непријатни ситуации. Пријателството се гради на основа на довербата и меѓусебната поддршка, па потребата за „натпреварување“ може да го разниша темелот на пријателството. Тешко е да се релаксирате и да имате доверба во личност која не ви посакува се најдобро.

Психолозите тврдат дека чувството на љубомора меѓу пријателите е посебно силно во овие работи:


1. Пари

Парите се доста важни. Ако едниот од пријателите заработува драстично повеќе од другиот кој живее од ден за ден, постои голема веројатност дека пријателството ќе биде загрозено поради парите.

Социјалното споредување игра голема улога во секојдневниот живот, посебно кога станува збор за материјалните аспекти на живеењето.


2. Љубовните врски

Ако пронаоѓањето на романтичен партнер за некој од пријателите е важен животен приоритет, бидејќи тоа е една од оние работи кои им недостасува, а другиот пријател е во врска, тогаш голема е веројатноста за појава на љубомора.

Тогаш личноста која е љубоморна станува опседната со прашањата: „Зошто мојот/ата пријател/ка секогаш има некој покрај себе?“, „Дали е позгодна?“ и се намалува самодовербата и доаѓа љубомората која може да го загрози пријателството.


3. Физичката привлечност

Физичката привлечност како причина за љубомора најчесто се јавува во раните зрели години, односно во 20-тите и 30-тите. Токму во тој период ставаме акцент на физичката привлечност и во голема мера тоа може да влијае на пријателствата.

Оние кои имаат ниска самодоверба и не се задоволни од сопствениот изглед имаат тенденција за им бидат љубоморни на поатрактивните пријатели.


4. Телесната тежина

Како што е случајот со физичката привлечност, така е и со вишокот килограми. Додека некои подебели луѓе не дозволуваат килограмите да влијаат на нивната самодоверба, некои се постојано опседнати со својата тежина и може да станат љубоморни на своите послаби пријатели.


5. Професионалниот успех

Овој фактор директно не влијае на појавата на љубомора, туку исклучиво кога се врзува и за факторот пари. Ако едниот од пријателите заработува многу повеќе од другиот, постои голема можност да се појави љубомора.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg