Збогум на досадното секојдневие: 5 работи со кои паметните луѓе ја разгоруваат страста во себе

Животот не е едноставна работа, посебно кога се обидуваме да го живееме со полни гради и разгорена страст во нас, но таквиот живот е сон на секој човек. И што кога страста во нас сè уште не разгорела?

zbogum-na-dosadnoto-sekojdnevie-6-raboti-so-koi-pametnite-lugje-ja-razgoruvaat-strasta-vo-sebe-01

Ова се работи кои паметните луѓе постојано ги практикуваат за да ја разгоруваат страста во себе:


1. На кризите гледаат како на катарза

Има убавина во падовите. Класичната „Fight Club“ мантра може да функционира само тогаш кога ќе загубите се и кога сте слободни да правите што ќе посакате. Ова сфаќање е клише, но клише со причина.  

Лошите работи кои ни се случуваат не прават посебни и посилни. Тие ни даваат нешто што повеќето луѓе воопшто не го поседуваат.

И колку и да се чинат работите како да не се во ред и како ништо добро да не може да произлезе од нив, тие се тука за да не направат посилни.

Токму затоа најдобро е да ги искористите кризите и длабоко да ги обмислите. Не раскинувате едноставно или се откажувате од работното место без план.

Треба да имате намера. Не избрзувајте. Скокнете од авионот, но не заборавајте на падобранот.


2. Го откриваат минатото

Можеби никогаш не ве интересирале часовите по историја, но тие имаат многу што да кажат.

Замислете ги сите оние дрва стари илјадници години, или сликите во Лувр или било кој друг историски артефакт.

Научете како и зошто бил срушен Берлинскиот ѕид, која е дарвиновата приказна на старите дрва или пак, која е уметничката виталност во старите слики.

Така светот ќе добие сосема поинаква боја, сите работи ќе станат тетоважа со важно животно значење.


3. Добро ја проучуваат сопствената сексуалност

Сексуалноста е како кислород на личноста. Ние сме тоа што го гледаме со нашите сензуални очи.

Пробајте да откривате сосема нови граници и непознати територии. Бидете отворени на можностите и не се плашете да ги откриете своите внатрешни несвесни потреби.

Имајте на ум дека сексуалното експериментирање не е секогаш само за задоволување, тоа може подеднакво да значи и контролирање на импулсите.

Можеби треба повеќе да ве води Аполон или Дионис, ваше е да откриете која крајност останала неистражена во вашиот живот.


4. Ја откриваат својата спиритуалност

Умот е неверојатно флексибилен и тоа значи дека добро е да ја испробувате и вашата спиритуалност и религиозност.

Пробајте да ги облечете чевлите на другата страна. Обидете се да откриете што лежи во главата на атеистот или во главата на оној кој е длабок верник во Бога.

Ќе откриете колку тоа истражување е добра интелектуална гимнастика и ќе ви отвори сосема нови погледи на светот.


5. Патуваат секојдневно во светот на фикцијата

Луѓето се раскажувачи на приказни. Дури и тогаш кога спиеме, нашиот мозок постојано формира серии на приказни.

Токму затоа моќна на читањето на фикција има неверојатни можности. Читањето на нова книга е биолошки еквивалент на снимањето на апликација на вашиот мобилен телефон.

Создавате нови сеќавања и отпливувате во сосема нов свет. Ако не сте дел од оние луѓе кои сакаат да читаат, тогаш можете за почеток да си ја олесните работата со аудио книги.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg