9 типови на луѓе со кои се сретнуваме во животот
Симон де Бувоар е позната по својата егзистенцијална филозофија. Таа е една од првите жени која завршила на престижниот Универзитет Сорбона во Париз. Многумина ја паметат по допринесот кој го имала на париската интелектуална сцена.
Таа практично целиот свој филозофски живот го посветила на проучување на човечкото однесување и во една прилика направила генијален список на типови на луѓе со кои може да се сретнеме во текот на животот, а со нив може да се најдеме и во подлабока врска.
Ова се 9 типови на луѓе според Бувоар:
1. Субмисивен тип
Во животот никогаш ништо не им се случува, ништо не го заслужува нивното време, ниту труд.
2. Сериозен тип
Оваа личност се одрекува од својата слобода и ја споредува со некои други вредности кои се не се вредни.
3. Страстен тип
Цел живот се чувствува неисполнето, како работите за малку да му бегаат од рака и секогаш зависи од некој.
4. Нихилист
Свесен е дека не може да постигне ништо и навистина не постигнува ништо во животот.
5. Демонски тип
Се врзува за вашите вредности и потоа се обидува да ги уништи сè додека целосно не ви ја намали самодовербата.
6. Авантурист
Оваа личност постојано има потреба да освојува, да истражува, да војува, да спекулира и целите никогаш не прекинуваат.
7. Критичар
Оваа личност разбира како се одвиваат работите во животот, но одбива да ги прифати и постојано го менува мислењето.
8. Уметнички тип
Тие веруваат дека површинските работи на овој свет немаат цел и одат подлабоко до сржта на работите и од нив пробуваат да направат нешто генијално.
9. Слободен тип
Иронично кажано, тие луѓе зависат од постоењето на луѓето околу нив и својата среќа ја наоѓаат во фокусот кон другите луѓе.