Азбуката се учи секојдневно

Секоја буква од азбуката има своја симболика. Секој од нас има по една омилена буква. Или повеќе. Јас не можам да се одлучам, сите ми се омилени. Секоја буква ми раскажува по една приказна...

1-130102113339.jpg

А... Почеток, секојдневно одново.

Б... 99 балони на Нена и единствениот што ќе ме носи до рајот.

В... Возот што поминува...Плачат оние планини за мене.

Г... Грозјето од кое потоа јас и татко ми ќе правиме вино...За в зима.

Д... Оној кој ме смирува и вознемирува...Дождот.

Ѓ... Топлиот ѓеврек. Секое утро.

Е... Елката која асоцира на Нова Година,а оваа година остана во ќошот, ненакитена.

Ж... Желбата која еден ден можеби ќе стане реалност.

З... Плашлива како зајакот.

Ѕ... Ѕвона ѕвонат, злато мое

И... Игрите без граници, засекогаш ТОШЕ...

Ј... Јаболкницата во мојот двор, Јагодите во лето...

К... Копнежот за совршенство кој нема да го стигнам.

Л... Лагата која ја затемнува вистината.

Љ... Двигателот на светот...Љубовта.

М... Четири букви од името мое или твое...

Н... Надеж кога најмногу ни треба.

Њ... Њујорк, Мадрид, Пекинг и Рио де Жанеиро. Градовите од моите сни.

О... Се е круг... Животот и времето. Само луѓето не.

П... Перницата на која ја спуштам мојата глава по напорниот ден.

Р... Радоста што ја доживувам кога ќе видам некој да ми подари насмевка.

С... Среќата доаѓа од фактот дека живеам.

Т... Татко ми и мајка ми. Луѓето кои ме создале.

Ќ... Ќарот што ме чека на крајот од работата...

У... Приказните со кои ме успивале.

Ф... Фараон, фар, фес, фигура, фамилија...

Х... Харфа, хармонија и хуманост.

Ц... Целиот свет нека биде подобар... Барем посакувам.

Ч... Чизми, чевли, чанта, чадор, и на крај Човек.

Џ... Ништо не е за џабе...

Ш... Крај на мојата приказна, сосем мала, едноставна, но искрена и трите ...

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg