Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чашата е полупразна или полуполна? 9 чекори за да ја наполните

Кој размислува негативно успева и да привлече негативни работи кон себе и постојано да има препреки кои го кочат во животот, а постојат многу едноставни работи кои ги привлекуваат позитивните ситуации, како гледање и дружење со позитивни луѓе или вежбање на благодарност.

casata-e-polu-prazna-ili-polna-9-cekori-da-ja-napolnite-01.jpg

Околу 40% од луѓето себеси се оценуваат како реалисти, 40% се декларираат како оптимисти, а 20% како песимисти иако нивното однесување и размислување често не се согласува со секојдневието.

Луѓето многу почесто се негативни одошто позитивни, тврди Џејсон Мосер автор на книгата „Заразен оптимизам“.

Општо гледано, позитивното размислување е она кое успева да привлече „среќа“ во работите кои ги правите. Станува збор за успешност на професионален план, а и во меѓучовечките односи.

За сите оние кои имаат негативен став научниците од Универзитетот во Есекс препорачуваат неколку корисни совети.


Гледање на насмеани лица

Научниците покажале дека и најголемите песимисти може да се претворат во оптимисти за 7 дена.

casata-e-polu-prazna-ili-polna-9-cekori-da-ja-napolnite-1.jpg

Основач на ова истражување е водителот на BBC Мајкл Мозли кој веќе 20 години страда од инсомнија. Тој станал посреќен и посмирен со тоа што постојано гледал фотографии од насмеани лица 20 минути дневно во рок од 7 дена.

Разликата била забележлива дури и во неговиот мозок. На магнетните снимки се виделе драстични промени, а и нивото на серотонин во крвта било поголемо.

casata-e-polu-prazna-ili-polna-9-cekori-da-ja-napolnite-3.jpg


Трикови за тренирање на оптимизмот:

1. Пробајте да бидете благодарни. Направете список на добрите луѓе и работи во вашиот живот и секојдневно потсетувајте се на нив.

2. Споделувајте ги личните искуства со најблиските без разлика на тоа дали се добри или лоши.

3. На минатото гледајте како на време кое не можете да го вратите и продолжете да живеете во сегашноста опростувајќи им ги сите грешки на луѓето.

4. Без осудување пробајте да ги слушате луѓето околу вас и учете од нивните искуства.

5. Искористете ја завидноста. Песимистите многу често се и завидни и токму оваа емоција ги мотивира да успеат во животот.

6. Трудете се да се смеете почесто, а за тоа да биде поприродно правете ги оние работи кои ве веселат и дружете се со оние луѓе кои ве прават среќни.

7. Редовно вежбајте и хранете се здраво, бидејќи здравиот живот води кон позитивен став.

8. Престанете да ги обвинувате другите околу вас и да мислите дека немате контрола над работите кои се случуваат околу вас.

casata-e-polu-prazna-ili-polna-9-cekori-da-ja-napolnite-2.jpg

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg