14 неверојатни психолошки факти кои секој мора да ги знае
Многу работи во секојдневниот живот се толку рутински и на изглед без никакво значење, но нивните корени одат многу подлабоко во психата одошто ни се чини на прв поглед.
Ова се 14 животни ситуации чие објаснување можеме да го најдеме во психолошката градба на личноста:
1. Вашата омилена песна најверојатно е поврзана со некои емотивни случувања во минатото.
2. Музиката влијае на вашата перцепција
Ова е повеќе од очигледно. Истражувањата на Универзитетот во Гронинген покажуваат дека музиката влијае на тоа како ги перципираме работите и ситуациите околу нас.
3. Што повеќе трошите на другите, толку сте посреќни
Овој факт го потврдуваат голем број на истражувања, па лично за вас е добро да не штедите на поклони за вашите најблиски.
4. Трошењето на пари на патувања одошто на неважни работи ве прави посреќни
Зошто да трошите на неважни работи кога можете да ги трошите на трајни сеќавања?
5. Денешните деца се пораздразливи
Денес голем број на луѓе страдаат од анксиозност, депресија или се одлучуваат да користат лекови за смирување, а ова влијае и на децата.
6. Одредени религиозни уверувања влијаат на намалување на стресот
„Американскиот психијатриски прирачник за промени на расположението“ вели дека луѓето кои се вклучени во било каква медитација или молитви имаат помало ниво на стрес одошто другите луѓе.
7. Парите не ја купуваат среќата, но само до 75.000 долари годишно
За просечниот Американец 75.000 долари годишно значат среќа, бидејќи ги ослободува од сиромаштијата и им овозможува да имаат нормален живот.
8. Во друштво на среќни луѓе и вие ќе бидете среќни
Ова воопшто не треба да ве изненадува.
9. Луѓето на возраст меѓу 18 и 33 години се под најголем стрес
Семејство, образование, потрага по работа и уште многу други работи влијаат на нивото на стрес.
10. Ако се убедите себеси дека добро сте спиеле и вашиот мозок ќе мисли дека добро сте спиеле
Ова се нарекува уште и плацебо спиење.
11. Паметните луѓе себеси се потценуваат, а другите мислат дека се генијални
Оваа појава е позната како Дунинг-Кругеров ефект и него можете да го забележите на социјалните мрежи.
12. Кога се присетувате на некоја мината ситуација, вие всушност се присетувате на последниот пат кога сте се навратиле на тоа сеќавање
Ова звучи малку сложено, но токму поради овој факт спомените полека но сигурно бледнеат.
13. Вашите одлуки звучат порационално ако ги замислите на друг јазик
Истражување од Универзитетот во Чикаго покажува дека Корејците и Американците кои размислувале на странски јазик ги намалиле своите длабоко вкоренети предрасуди и стереотипи.
14. Ако на сите им ги кажете вашите цели, мали се шансите дека тие ќе се остварат
Бидејќи на овој начин ја губите мотивацијата за достигнување на целите.