Фантастични илустрации кои ги доловуваат зборовите кои не може да се преведат
Знаењето на јазици велат дека претставува една од најубавите и најкорисните вештини и иако јазиците може да се доближат еден до друг со преведување, некои зборови остануваат непреведени и уникатни.
Поединечните концепти кои се карактеристични за одредена култура имаат свои зборови кои колку и да се обидуваме да ги сведеме на еден збор, не можете никако поинаку одошто да ги раскажеме.
Уметникот Марија Тиурина добила инспирација токму од овие зборови и направила фантастични бајковити илустрации кои ги доловуваат прекрасните зборови.
Ова се дел од нејзините илустрации:
1. L’appel Duvide (француски) – Инстинктивен нагон да скокнете од големи височини
2. Tretar (шведски) – Кога по третпат ја полните шолјата со кафе
3. Tingo (паскуенсе) – Чинот на земање на работите на најблискиот пријател, една по една
4. Gufra (арапски) – Количина на вода која може да се држи во раце
5. Schadenfreude (германски) – Чувство на задоволство кога ја гледате туѓата несреќа
6. Kyoikumama (јапонски) – Мајка која немилосрдно ги насочува своите деца кон академски постигнувања
7. Torchlusspanik (германски) – Страв дека со годините се губат и животните прилики
8. Baku-Shan (јапонски) – Девојка која е убава само одзади
9. Duende (шпански) – Мистериозна моќ на уметничкото дело да ја допре душата на личноста
10. Palegg (норвешки) – Сè што може да се стави на парче леб
11. Schlimazi (јидски) – Хронично несреќна личност
12. Age-Otori (јапонски) – Кога изгледате многу полошо по шишањето
13. Luftmensch (јидски) – Личност чија глава постојано лета во облаците
14. Cafuné (португалски) – Кога на некого му проаѓате со прстите низ косата