Работи кои ќе ги сфатат само постарите браќа и сестри
На оние кои се првородени понекогаш, посебно додека раснеле, им се чини дека се еден вид на експериментални глувци над кои родителите испробуваат сè за првпат.
Тие први дознаваат дека Дедо Мраз не постои.
Тие први мораат да станат поодговорни.
Први поаѓаат на училиште... средно... факултет... работа.
Без разлика дали станува збор за првото излегување надвор, постарите браќа и сестри се тие кои имаат помалку време за излегување. Ако на нив им било дозволено да останат до 12 часот, помалите деца кога ќе дојдат на нивна возраст со сигурност ќе можат ако ништо повеќе, да останат барем до 12:30 часот.
Првото запознавање со дечкото или девојката е исто така препуштено на постарите.
Сепак колку и да се чини дека животот на постарите не им е лесен, тоа што се првородени има и свои предности:
1. Постарите можат да им измислат смешни образложенија на помалите околу тоа зошто не треба да ги завршат домашните обврски.
2. Дури и на најпаметните родители можат да им дадат логични оправдувања зошто тие се во право.
3. Постарите имаат апсолутна моќ кога се најстари во собата исполнета со пријатели.
4. Ја употребуваат својата возраст за да ја победат дебатата „Кој ја почна расправијата“.
5. Постарите никогаш не мора да носат веќе носени парчиња облека.
6. Тие одлучуваат кој ден нивните помали сестри и браќа ќе дознаат дека Дедо Мраз не постои.
7. Постарите можат да направат да изгледа како светот да бил совршен пред да се родат помалите.
8. Тие се прогласуваат за главни во секоја игра.
9. Постарите никогаш не мора да седат одзади.
10. Секогаш ги потсетуваат родителите на домашните правила, ако некој од помалите се обидува да ги избегне.
11. Успеваат да влезат во сериозен разговор со родителите и да ги премислат за некои правила.
12. Го одредуваат стилот на облекување за сите останати браќа и сестри во семејството.
13. Можат да се трансформираат во суперхерои ако некој се обидува да ги повреди помалите.