20 работи кои ве кочат во животот
Според вас животот треба да биде добро организиран и под контрола. Просто и место за тешкотиите нема, а доколку се појават не можете да престанете да се грижите и да мислите на нив. Дури и сеќавањата од минатото постојано ве плашат.
Не можете да ја најдете вистинската личност затоа што се плашите од минатите искуства ниту пак вистински пријатели затоа што дозволувате да ве злоупотребуваат и да ве прават несреќни.
Ова се работите кои ви го прават живото тежок и ве кочат:
1. Се дружите со погрешни луѓе
Животот е прекраток за да го поминувате со луѓе кои ве прават несреќни и кои ве запоставуваат. Пријателите се тука за да бидат покрај вас тогаш кога ви се потребни.
2. Бегате од проблемите
Соочувањето со проблемите не е лесна работа, но бегањето од нив дополнително го прави животот потежок и комплициран.
3. Се лажете себеси
Нашиот живот станува подобар и посреќен ако ризикуваме и ги користиме сите можни прилики кои ни доаѓаат пред патот, а не ако се залажуваме себеси.
4. Глумите нешто што не сте
Еден од најтешките предизвици во животот е да останете такви какви што сте и да не се обидувате да ги имитирате луѓето околу вас во однесувањето и трендовите.
5. Постојано се враќате во минатото
Никогаш нема да можете да отворите ново поглавје во животот ако сè уште го читате старото.
6. Се плашите да не погрешите
Ако некоја работа ја повторувате одново и одново и по 10 пати, тоа не значи дека сте неуспешни, тоа значи дека сте попродуктивни отколку кога воопшто не се обидувате.
7. Влегувате во врска од сосема погрешни причини
Врските како со пријателите така и со партнерот мора внимателно да се одбираат. Никој не ве брза, а цел живот треба да го поминете со таа личност.
8. Одбивате нови врски, бидејќи се плашите дека ќе бидат како старата
Сè во животот има своја намена и поука. Можеби ќе ви биде потребно време, но ако не се обидувате да ја најдете вистинската личност и нема да ја пронајдете.
9. Се натпреварувате со сите
Не посветувајте внимание на она што другите го прават подобро од вас, насочете се на подобрување на вашите лични квалитети и способности.
10. Љубоморни сте на другите
Наместо да завидувате на другите, најдобро е постојано да се обидувате вие да станете подобра личност.
11. Постојано се жалите
Животот прави препреки со причина и сосема јасно е дека не е лесно да се поминат тие препреки, но тоа не значи дека треба да застанете и да размислувате само на тоа колку ви е тешко.
12. Не простувате
Не е добро да живеете со омраза и гнев во срцето. Така многу повеќе се повредувате самите себеси отколку луѓето кои ви згрешиле.
13. Го трошите времето објаснувајќи се на другите
На пријателите објаснувањата им се непотребни, а непријателите нема да ви веруваат. Затоа најдобро е да се држите до сопствените ставови и сфаќања.
14. Не правите пауза
Животот не е место кое никогаш не замира. Потребен ви е и одмор и релаксација. Земете длабок воздух пред секоја тешкотија во животот.
15. Не посветувате внимание на ситниците
Не за без потреба велат дека животот го прават малите нешта. Релаксирајте се и детално забележувајте ги малите работи. Тие ќе ве направат среќни.
16. Глумите дека се е во ред
Не е лошо понекогаш и да се препуштите на емоциите и спонтаноста, наместо постојано се да држите под контрола.
17. Се обидувате сите туѓи потреби да ги задоволите
Научете се да кажете „Не“. Никој не вика дека не треба да помагате, но тоа не значи дека треба и целата лична енергија да ја трошите.
18. Премногу се грижите
Грижите нема да ви помогнат во решавањето на проблемите и тешкотиите. Ако никоја работа ве мачи добро проверете дали вреди да се мислите за неа.
19. Мислите на работите кои не посакувате да ви се случат
Подобро е да се фокусирате на она што треба да го направите и позитивно да размислувате. Позитивното размислување е клучен елемент на успехот во животот.
20. Постојано сте неблагодарни
Без разлика на тоа во каква состојба сте имајте на ум дека треба да бидете благодарни на она што го имате. Се во животот е лекција и лично искуство. Не се жалете за вашата тешка судбина.
И на крај, живејте го животот. Прекраток е за да бидете несреќни и да постојат работи кои ве кочат.