20 работи кои ги прават само „различните“ луѓе. Ако сте еден од нив, ќе разберете
Непредвидливи, фантазери, помалку изгубени во времето и просторот, со променливо мислење. Често вистински ноќни птици. Овие ретки типови на луѓе, другите ги перципираат и опишуваат како вистински „чудаци“, но на поинаков начин може да се дефинираат како креативни.
Има нешто шармантно и неодоливо во овие луѓе. Се согласувате? Креативните луѓе светот го гледаат на сосема поинаков начин, во сосема поинакво и секогаш позитивно светло.
Работите што ги работат и одлуките кои ги донесуваат се сосема поинакви и необични.
Ова се тие 20 работи кои оние различните луѓе, креативните, ги прават сосема поразлично:
1. Добиваат инспирација во најнеочекуваните моменти. Не можат да одредат кога ќе им се појави следната голема идеја. Едноставно идеите им се појавуваат на најмалку очекуван начин и во најмалку очекувани моменти.
2. Фантазираат. Тие се и тука во моментот, но и умеат многу бргу да одлетаат со мислите. Не им се лутете ако одеднаш одлутаат во некој друг свет.
3. Работите бргу им досадуваат. Тие постојано имаат потреба да бидат стимулирани и да останат активни. Никогаш не остануваат доследни во извршувањето на работите, ако не им се допаѓаат. Можете слободно да кажете дека се хиперактивни.
4. Светот го гледаат како деца. Дел од нив никогаш не пораснуваат и созреваат и можеби токму во тоа лежи тајната на нивниот начин на доживување на светот.
5. Неуспесите не ги спречуваат. Животот на креативните личности навистина не е лесен. Доживуваат неуспех неколку пати пред да успеат, но тоа никогаш не ги спречува. Никогаш не се откажуваат. Одново и одново застануваат на нозе.
6. Вистински креативните личности ги следат своите соништа. Тие не умеат да најдат работа која ќе се согласува со сфаќањата на нивните најблиски, посебно да најдат сериозна работа.
7. Го следат срцето, а не умот. Се вели дека на креативните личности проблемите не им предизвикуваат грижи и многу повеќе ризикуваат од другите луѓе.
8. Изгубени се во времето. Кога создаваат, креативните личности се како изгубени во времето и просторот. Може целосно да заборават да јадат, па дури и да спијат. Кога идеите ќе започнат да им извираат од умот, ништо не ги спречува.
9. Работат кога вие спиете и спијат кога вие работите. Инспирациите им доаѓаат во сосема неочекувани моменти, па очекувано е ако во текот на ноќта дојдат до одлична идеја да не легнат да спијат, туку да започнат да создаваат.
10. Онаму каде повеќето луѓе гледаат потешкотии, тие гледаат предизвици. Тие секогаш ја гледаат светлата страна на работите и умеат вешто и на сосема необични начини да се ослободат од непријатностите и тешкотиите.
11. Имаат променливо мислење. Еден ден се вљубени во својата креација, а друг ден неизмерно ја мразат. Нивното променливо мислење сè уште е мистерија.
12. Истовремено се скромни, но и горделиви. Тие се секогаш подготвени да научат нешто ново, но кога станува збор за нивните креации тие се секогаш силно самоуверени и горделиви.
13. Секогаш бараат нови начини на изразување. На креативноста никогаш и нема крај и што е најважно истата можат да ја изразат на многу различни начини и во многу различни форми.
14. Одолговлекуваат. Дајте им рок и работата ќе ја завршат навремено, но оставете ги со избор и работата нема да биде завршена во брзо време. И во првиот случај можете да бидете сосема сигурни дека работата ќе ја завршат преку ноќ.
15. Ја гледаат другата страна. Тие се секогаш способни ситуациите да ги гледаат од сосема различни гледишта и перспективи.
16. Не сакаат ограничувања. Правилата и границите не се за нив. Тие се вечни бунтовници.
17. Често не ги сакаат бројките. Некои од нив може да бидат одлични во математика, ако им дадете време и простор, но длабоко во себе искрено не ги сакаат бројките.
18. Креативните луѓе се одлични набљудувачи. Често детално ги набљудуваат луѓето околу нив и ситуациите и умеат да бидат проникливи. Во се може да најдат инспирација за следната идеја.
19. Секогаш создаваат нови искуства. Потребата за постојана стимулација ги тера постојано да бидат активни и да искусуваат нови работи во животот. Тие се вистински експериментатори.
20. Сакаат. Сакаат се. Го сакаат животот. Ги сакаат луѓето околу себе. Ги сакаат чувствата. Ја сакаат убавината. Способни се во најголема тишина да го гледаат зајдувањето на сонцето и неизмерно да уживаат или да се наоѓаат во галерија во центарот на градот и да бидат силно возбудени за тоа што го гледаат пред себе.