16 прашања кои откриваат дали сте социопат: Ќе се осмелите ли да ги одговорите?
Психолозите социопатите ги опишуваат како личности кои немаат способност за емпатија, ризикуваат како никој друг, односно на другите им делуваат неверојатно примамливо и храбро. Неретко, социопатите се и „главни во друштво“.
Ако се пронајдовте во било кој опис досега, веројатно ве интересира дали спаѓате во оваа група на луѓе.
Овие 16 прашања најлесно ќе ви откријат. Одговарајте внимателно и реално:
1. Дали се трудите да делувате шармантно и интелигентно?
(Кај социопатите одговорот на ова прашање е да)
2. Дали често измислувате работи и размислувате нерационално?
(Кај социопатите одговорот на ова прашање е не, затоа што се неверојатно рационални)
3. Дали сте често нервозни?
(Социопатите ретко се нервозни или анксиозни затоа што не се плашат од ништо)
4. Дали луѓето може да се потпрат на вас?
(Социопатите се обично недоверливи)
5. Дали лажете или сте неискрени?
(Социопатите често измислуваат работи или ги местат онака како што им одговараат)
6. Дали се каете или срамите?
(Социопатите немаат вакви емоции)
7. Дали често се однесувате асоцијално без причина?
(Социопатите имаат обичај да се однесуваат асоцијално, но со намера)
8. Дали лошо ги проценувате работите и не учите од претходните искуства?
(Социопатите мислат дека се попаметни од сите останати, но често ризикуваат многу повеќе од вообичаено)
9. Дали сте патолошки егоцентрици и неспособни да ги сакате луѓето?
(Социопатите обично се)
10. Дали често пати не знаете да изреагирате емотивно?
(Социоаптите не можат да ги искажат емоциите како сите останати)
11. Дали можете да ја откриете суштината на работите?
(Социопатите обично не знаат да анализираат и не се склони на размислување)
12. Дали знаете да комуницирате со другите?
(Интересно е што социопатите мораат да ги лажираат своите реакции за да комуницираат)
13. Дали сте зависник од забави?
(Социопатите сакаат да лудуваат со многу алкохол, за на него да можат да ја префрлат вината)
14. Дали лажно претите со самоубиство?
(Да, социопатите се кралеви на драмата)
15. Дали вашиот сексуален живот е тривијален и без емоции?
(Социопатите не знаат да сакаат)
16. Дали сте го згрешиле својот животен план?
(Социопатите често пати не знаат ниту да ја задржат работата, а не целиот план за живот)
И, какви се резултатите?