Брутално ама реално: Најискрената покана за свадба (фото)
Присуствувањето на свадбенa прослава е секогаш забавно, многу насмевки, солзи и воопшто бројни силни емоции.
Самиот чин на прославување е прекрасен, но планирањето на прославата претставува одреден број на месеци поминати во стрес, напнатост и нервози. Голем број на денови се минати во планирање и посебно подготвување на поканите.
Но, случајот не бил таков со овој пар.
Тие на своите покани поставиле неколку важни и искрени прашања за идните гости на нивната прослава:
1. Дали ќе присуствувате?
- Ќе присуствувам
- Нема да присуствувам
- Ќе кажам дека планирам да присуствувам, а потоа нема да се појавам без никакво објаснување иако веќе сте платиле оброк за мене
- Ќе дојдам и ќе донесам со мене уште еден гостин иако на самата покана не е назначено дека можам да донесам уште една личност со мене, но тоа не ви пречи нели?
2. За кое од најчестите непристојни однесувања ќе се одлучат?
- Ќе се појавам пијан/а и на вашата свадба ќе продолжам со пиење
- Неочекувано ќе наздравам во ваше име и ќе употребам непристојни зборови
- Ќе се обидам да не правам сцени, но на приемот ќе има голем број на луѓе со кои ќе сакам да разрешам стари проблеми
- Јас сум бившиот на невестата и планирам цела вечер да гледам во вас со жар и копнеж во очите
- Мислам дека бракот е непотребна и застарена институција и планирам моето мислење да го истакнувам на било кој што ќе се одлучи да седне до мене
- Едвај чекам да се сплеткам со кумот и потоа целата вечер да ја поминам плачејќи на шанкот
- Ќе удрам некого. Не знам точно кого, но свадбите ми даваат некое посебно чувство
3. Каков ќе биде типот на подарок?
- Ќе ви донесам подарок каков што посакувате
- Ќе добиете пари
- Ќе направам некоја донација во ваше име и тоа ќе биде вашиот подарок со кој истовремено и јас ќе се тапкам по рамо, а и вие нема да добиете ништо
- Едвај чекам да ви го вратам подарокот кој вие ми го поклонивте на мојата свадба
- Ќе ви направам лоша рачна изработка за кој ќе треба да имате на ум дека преставува специјален подарок само затоа што сум го направил/а, наместо да ви донесам нешто што навистина сте го посакувале
- Подарокот кој ќе ви го донесам ќе биде помалку забавен и смешен отколку што сум очекувал/а
- Нема да добиете подарок, ниту објаснување. Ќе останете со љубопитноста околу тоа кој е мојот проблем
4. Каков ќе биде изборот на храна?
- Телешко
- Пилешко
- Вегетаријански оброк
- Имам некоја чудна и неверојатна алергија
- Имам толкав број на алергии што сите ќе се чудат како уште сум жив/а, а уште повеќе како успевам да присуствувам на огромен настан со кетеринг
- Веган и одбивам да бидам на маса со луѓе кои не се вегани
- Не добивам многу внимание од најблиските, па добро ќе ја искористам оваа можност. На позадината од мојата покана е долгата листа на моите рестрикции во исхраната.
На крајот од поканата, парот бара истата да биде вратена назад неколку недели пред самиот настан со искрен заклучок „и онака на никому не му е потребна“.