Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се плашите од сопствениот успех: Дали имате Џонин комплекс?

Џониниот комплекс е потсвесен страв од сопствената големина. Со други зборови тоа е страв од сопствениот успех кој нè спречува да го достигнеме нашиот полн капацитет и целосно да се оствариме.

se-plasite-od-sopstvenata-golemina-dali-imate-dzonin-kompleks-01

Познато е дека нашиот страв од неуспех понекогаш нè мотивира да дадеме сè од себе за да успееме, но исто така и стравот од успех може да влијае на нашиот неуспех.

Изразот го смислил познатиот психолог Абрахам Маслов кој вели дека често може да побегнеме од одговорност која ја диктира природата, судбината, па дури и случајноста, но не можеме да побегнеме од својата судбина.

Постојат 3 главни причини поради кои луѓето се плашат од неуспех:

- Стравот од чувството на одговорност која мораме да ја прифатиме  кога го прифаќаме фактот за сопствената големина, талентот и потенцијалот.

- Страв од фантастичен живот кој не е вообичаен и не е прифатен од сите други.

- Стравот од тоа што другите делуваат арогантно и егоцентрично.

Сите тие стравови произлегуваат од нашиот недостаток на желба да се развиваме и да не излеземе од својата зона на комфорот.

Ако сакаме да станеме она што може да станеме, мора да излеземе од својата зона на комфорот. Затоа стиснете заби и пробајте нови работи.

Еден од најдобрите начини за брзо напредување на личен план е да се соочиме со своите стравови. Правете ги оние работи од кои се плашите. Ќе забележите дека стравот е само емоција која не би требало да ве спречува.

Не се плашете од стравот, бидејќи стравот е само илузија. Направете работи за кои не сте се осмелувале ни да размислувате.

Слични одлуки ќе ве наведат повеќе да се запознаете себе и да стекнете искуство кое сега не можете ни да го замислите.

Како што ќе правите работи кои ве вадат од зоната на комфорот, не само што ќе го надминете Џониниот комплекс, туку ќе станете поспособна и подобра личност.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg