Прашање кое треба да си го поставите себе: Како да бидете среќни или барем посреќни?

Во време на брзо живеење речиси и забораваме на себе и на она што во суштина нè прави среќни. Забораваме и да се прашаме што значи да се биде среќен. Забораваме да погледнеме и да сфатиме што прават луѓето кои се среќни.

prasanje-koe-treba-da-si-go-postavite-sebe-kako-da-bidete-srekni-ili-barem-posrekni-01

Едно од најтешките, но суштински прашања кои треба да си ги постави човек, а за кое нема единствен точен одговор е: Како да се биде среќен?

Среќата за секого може да биде различна, но има некои работи кои се основи белези на среќните луѓе.

1.Тие се на прво место сами за себе

Тоа може да ви звучи себично на прв поглед, но размислете подобро. Ако не ги задоволите личните потреби и желби на прво место дали ќе бидете некогаш целосно исполнети или секогаш и пред другите ќе покажувате само половичен дел од себе. Ако сами не сме задоволни и исполнети, шириме негативна енергија и на другите, а никој не сака да биде во присуство на такви личности.


2. Тие сфаќаат дека сè
во животот е минливо

Врските, работата, пријателството, па и целиот живот. Затоа оние кои го земаат најдоброто од сето тоа, ги ценат работите кои ги имаат и не патат многу кога ќе останат без нив. Среќните луѓе се свесни дека тоа е дел од некој поголем план.


3. Тие не се плашат од големите желби и планови

Ова може од страна да изгледа вообразено и претенциозно, но колку што сакаш во животот, толку ќе оствариш.


4. Не се грижат за парите

Тие се тотални алтруисти. Даваат без да очекуваат нешто за возврат. Оние кои даваат секогаш добиваат повеќе од оние што земаат. Среќните луѓе не живеат за пари. Дури и ако ги поседуваат во енормни количини, тие не се грижат толку за нив, колку за она што можат да овозможат со тоа.


5. Не им е потребно сите да ги сакаат

Поважно им е да се сакаат сами себе. Така е полесно да се сака некој кој е во согласност со сам себе. Кога се сакате себе, тогаш и другите ќе ве сакаат. Сепак, среќните луѓе се одликуваат и со тоа што не им е важно сите да ги сакаат, сè додека сметаат дека сами за себе претставуваат најдобра личност.


6. Умеат да прифатат пораз

Цврсто веруваат дека Универзумот има некој свој план. Временската дистанца често покажува дека некои од нас ситните порази ги одвеле на сосема друга страна во многу поголеми победи.


7. Тие сметаат дека сите се еднакви

Сите сме различни и треба да научат да прифатат разлика. Среќните луѓе поседуваат и таква особина да не осудуваат други и секому да пристапуваат без предрасуди, а да не се занимаваат со мааните. Тие ги прифаќаат разликите и ги ценат.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg