Тајните на базените: Очите не ви се црвени од хлорот, урината не ја бои водата сина
Голем дел од нас воопшто не сакаат да влегуваат под вода во базен само заради она непријатно чувство на печење на очите кога излегуваме од базенот.
За ова чувство мислиме дека е виновен хлорот, но реалноста е сосема поинаква. Причината за печењето и црвените очи лежи во една сосема друга супстанца.
Како што објаснуваат научниците од Центарот за контрола на болести, станува збор за количината на урина која се наоѓа во базените.
Хлорот се врзува со сите бактерии од вашето тело и „пробува да ги убие,“ па откако ќе се врзе со нив ја предизвикува иритацијата на очите. Хлорот кој се врзува со урината и потта предизвикува печење.
На страна од црвените очи, постои уште едно верување кое се врзува за базените. Голем број на луѓе веруваат дека во базените постои боја која при уринирање ја бои водата во сино.
Во едно истражување се открило дека дури 52% од луѓето веруваат во овој мит и тоа е одлична идеја за да се спречи уринирање во базените, но самиот мит воопшто не е точен.
Според новите технологии и научни достигнување постои можност да се направи оваа боја, но нема да ја бои водата само при уринирање, туку и при било какво внесување на супстанци од органска природа.