9 работи на кои треба да се потсетите денес
Можеби не ја сакаме секоја ситница поврзана со нашиот живот, но длабоко во себе ја цениме неговата магија. Еден дел од нас верува дека се е можно, но за жал некои денови оној другиот преовладува.
Ако денес е таков ден - разбудете се и променете го!
1. Денес може да биде одличен ден, само ако така одлучите вие
Зашто често се чувствуваме толку немоќно? Зошто сами се уверуваме дека не сме доволно силни? Чекаме работите да ни се подарат. Но, вистината во реалноста е поинаква. Ништо не зависи од другиот. Ако сакате да имате пријатен и продуктивен ден, тогаш овозможете си го.
2. Постојат многу работи кои можете да ги контролирате
Постојат многу работи кои не можете да ги контролирате, но тоа не значи дека ја немате контролата врз животот. Вистина е дека животот е ваш дизајн. Да зборувате дека животот не зависи од вас е кукавички.
3. Не ви треба нечие константно одобрување
Потребата за одобрување е еднаква со зависност. Ако вашите постапки ги темелите врз одобрението на другите, на крајот ќе сфатите дека ја жртвувате сопствената среќа. Не го ставајте клучот на вашата среќа во туѓиот џеб. Научете да кажете „не“ на луѓето и работите кои едноставно ви немаат никаква вредност.
4. Приговарањето е непотребно ако не можете да смислите решение
Не бидете човек кој постојано се жали. Ако не сте задоволни со моменталната ситуација - променете ја, само немојте да седите и да се жалите. Тоа само ќе ги одбие луѓето од вас. Бидете некој кој секогаш има позитивно решение.
5. Успехот е стил на живот, не резултат
Сите сакаме да постигнеме успех, но мора да запаметиме и дека тој не е одредена цел. Успехот не е преоѓање на некоја замислена линија. Тој е способност да се борите од ден на ден. Успехот е моќта да продолжите понатаму и да живеете по свои правила. Успехот е состојба на умот.
6. Фактот дека не сте се откажале е успех сам по себе
Многу луѓе се откажуваат уште пред да почнат, но не и вие. Не, вие се будите секој ден и ги завршувате обврските. Ползите барем по еден сантиметар дневно кон успехот и тоа е доволно. Само не стојте во место.
7. Во секоја тешка ситуација, прво пробајте со љубезност
Грозни работи се случуваат секој ден и тоа повеќе пати. Прашањето е - како вие ќе реагирате? Наместо да бидете груби, зошто не пробате поинаку? Можете да бидете љубезни и одлучни во исто време, само треба да пробате. Искажете ги своите желби без да ви заигра егото. Тоа е единствениот начин за кој подоцна нема да се каете.
8. Ако некој ве повреди не го сфаќајте тоа лично
Голема е веројатноста дека ако некој ве повреди, и тој самиот бил повреден во тој момент. Заради тоа, не си земајте се при срце. Немојте комплиментите да ви го заматат умот, ниту критиките да ви го скаменат срцето.
9. Добрите работи во животот завршуваат брзо кога не се ценат доволно
Тревата никогаш не е позелена во туѓиот двор затоа е туѓа, туку затоа што и посветувате преголемо внимание. Пробајте барем половина од тоа внимание да и го посветите на вашата и ќе се зачудите.