Што ги прави мажите несигурни?

Баш како и жените, така и мажите се несигурни кога се работи за нивниот изглед, личност или сексуалност. Постои цел список на работи кои им ја одземаат „машкоста“.

sto-gi-pravi-mazite-nesigurni-01.jpg

1. Поголем дел од мажите се чувствуваат непривлечно затоа што немаат силни раце и им се чини дека не се доволно моќни. Ако притоа рацете се бледи и текни, тоа ги прави дополнително несреќни.

2. Бившите дечковци на партнерката се големи непријатели на машката самодоверба. Тоа посебно се истакнува кога навлегуваат во посериозна фаза од врската.

3. Постојат многу мажи кои се несигурни во својата сексуалност, па ако се во друштво на девојка која ќе проценат дека имала повеќе партнери, веднаш се повлекуваат.

4. Исто така преплашени се од првиот секс со девојката и каков впечаток ќе и остават. Се плашат дека недостатокот на комуникација може да доведе до непријатни ситуации.

5. Губењето на косата е уште една ноќна мора, иако многу девојки сакаат кратко шишани или ќелави момци.

6. Заради стереотипите во кои се тврди дека мажот е оној кој го заработува лебот, многу мажи се во недоумица дали трошоците треба да ги покријат сами или да го поделат со партнерката. Тоа им е најнепријатната тема за разговор кога ќе навлезат во малку посериозна фаза.

7. Се плашат да танцуваат. Тоа е болка на многу млади мажи кои не сакаат да се посрамотат на подиумот.

8. Еден од најпознатите и најточните стравови е оној кога врската ќе почне да се развива пребргу.

9. Моментот кога треба да испланираат место за прв состанок е голем машки страв. Не сакаат да се покажат како неспособни или со лош вкус.

10. Последната работа која ги мачи е јавувањето и пишувањето во вистинско или погрешно време. Постојано мислат да не е предоцна или прерано.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg