Што значат соништата кои постојано се повторуваат?
Соништата кои ги сонуваме речиси секогаш имаат некоја важна порака која нашата душа сака да ни ја испрати. Некои работи во животот не сакаме да ги прифатиме, но соновите секогаш не потсетуваат на нив.
Доколку сонуваме соништа кои постојано се повторуваат очигледно е дека пораката која сакаат да ни ја испратат е доста важна за нас. Во реалноста не постои ниту една ситуација или проблем кои потоа не се јавуваат во нашите соништа, тврди психологот Роло Меј.
Така на пример, ноќните мори се често соништа кои не потсетуваат на некое трауматично искуство или пак на некоја ситуација со која личноста тешко се сноси.
Оние соништа кои одново и одново се повторуваат неколку дена по ред или месеци, најдобро е побргу да ги разрешиме. Тоа може да се постигне со запишување на она што ни се случува во животот моментално и како се чувствуваме во врска со тие ситуации.
Доколку не се пронајде витинскиот одговор сонот ќе продолжи да се јавува. Во секој случај порано или подоцна со сигурност ќе дојдете до вашиот одговор.
Некои соништа се чинат како да се потполно апокалиптични и тоа е така затоа што, некои проблеми или неразрешени ситуации кои ги имаме во реалноста посакуваме што е можно побрзо да ги разрешиме.
„Дешифрирањето“ на соништата на прв поглед се чини како тежок процес особено затоа што говорат на некој „чуден“ непрепознатлив јазик за нашата душа. Овој јазик служи да ги објасни нашите блокади, стравови и односите со другите.
1. Сонувате дека сте голи? Запрашајте се која ситуација во животот претставува искушение? Која ситуација предизвикува страв од она за кое не сте подготвени? Научниците советуваат по таквиот сон да размислите од што се срамите.
2. Доколку сонувате дека умирате, вашата потсвест ви праќа јасен знак дека е време некои стари делови од вашата личност да „умрат“. Време е некои работи во вашиот живот да се променат и да се прилагодите на нова фаза во вашиот живот.
3. Не можете да разговарате со некого или телефонската слушалка не работи? Голема е веројатноста дека имате проблеми во комуницирањето со другите околу вас. Обидете се размислите со кого не сте во добри односи и отворено разговарајте.
4. Доколу често сонувате дека имате проблеми со превозот или дека не можете да закочите, некои работи во животот се надвор од ваша контрола.
5. Ако во соништата некои уреди се расипани обидете се да откриете каде имате нарушувања на здравјето.
Поголемиот дел од луѓето често сонуваат некои нешта кои силно ги возбудуваат, но бргу по будењето ги забораваат соништата. Доколку сакате да го запомните сонот, не ја менувајте положбата. Покрај креветот поставете си дневник во кој ќе ги запишувате соништата и многу поедноставно ќе можете да правите нивна анализа.
Отворете се на пораките кои ги испраќа вашата потсвест. Кога утрото ќе се разбудите возбудени, застанете пред огледалото и кажете си: „Свесен/на сум за пораките кои ми ги испраќа потсвеста.“