Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Светнете го домот: 12 намени на обичното средство за садови кои ќе ве воодушеват

Одлични вести за оние кои сакаат да заштедат! Ако мислевте дека средството за садови е наменет само за да ги исчистите масните чинии и чаши, се лажете.

svetnete-go-domot-12-nameni-na-obicniot-sjaj-za-sadovi-koi-ke-ve-voodusevat-01.jpg

Евтиниот течен детергент има уште најмалку 12 корисни намени:

1. Мраз за патничкиот фрижидер

Средството за садови има слични својства како и материјата која се наоѓа во калапите на патничките фрижидери. Затоа, наполнете ја вреќичката за замрзнување со него, добро заврзете и замрзнете по потреба.


2. Подмачкајте ги вратите

Наместо да подмачкувате со масло, во недостаток на средство за подмачкување со течен детергент, тој е одлична замена.


3. Убијте ги болвите во тепихот

Ако домот го делите со маче или куче, сигурно знаете дека отстранувањето на болви е речиси невозможно, посебно ако се наоѓаат во тепихот. Наместо да го фрлите, сјајот помешан со вода може да ви помогне. Потребно е само да ја премачкате површината и да почекате неколку минути.


4. Против масни флеки

Сако втријте течен детергент на масната флека и измијте со вода. Тој е доволно благ па со него може да чистите и чувствителни материјали како волна или свила.


5. Измијте ги плочките во кујна и тоалет

За топлата вода да ја претворите во совршено средство за чистење на плочки, потребно е да ставите 2 лажици течно средство за садови. Оваа мешавина е идеална за чистење на плочките, но строго забрането е бришењето на дрвени површини.


6. Вратете го сјајот на мебелот во двор

Во мал сад со топла вода додадете малку детергент за садови и со меко крпче пребришете го мебелот кој долго стои на отворено. Потоа обилно исплакнете со вода. Секако, ова повторно не важи ако се работи за дрвени гарнитури и столчиња.

svetnete-go-domot-12-nameni-na-obicniot-sjaj-za-sadovi-koi-ke-ve-voodusevat-02.jpg

7. Исполирајте го накитот

Малку течен детергент помешан со минерална вода може да направи чуда за вашиот накит. Натопете го накитот околу 5 минути во ваква мешавина и потоа пребришете. За потврдокорните дамки, исполирајте со стара четка за заби.


8. Исчистете ги четките за коса

Помешајте неколку капки сјај со топла вода и потопете ги чешелите и четките за коса. Потоа истријте, исплакнете и оставете ги да се сушат на пешкир.


9. Детегрент за рачно перење

Наместо да купувате прашок за рачно перење, слободно послужете се со течен детергент за садови. Подеднакво е корисен, а има и подобар мирис.


10. Уловете ги мушичките

Во сад со оцет додајте 3-4 капки средство за миење садови. Тоа ќе ги привлече сите мушички.


11. Ослободете се од дамките на тепихот

Помешајте лажица течен детергент со 2 шолји топла вода и темелно истријте ја флеката со крпа натопена во течноста. Повторувајте се додека флеката не се впие во крпата, а потоа исплакнете со  сунѓерче потопено во студена вода.


12. Пребришете ги кујнските елементи

Додајте малку течен детергент во топла вода и ставете ја течноста во шише со распрскувач. Темелно пропрскајте ги сите елементи, па пребришете со бела крпа. Ќе се изненадите зошто воопшто сте купувале средства и хемикалии кои не делуваат.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg