Знаци кои покажуваат дека пријателството ви виси на конец

Односот со пријателите е еден од најзначајните односи кои ги имаме во животот, а поврзаноста со нив допринесува за нашето емоционално и ментално здравје.

raboti-koi-azuvaat-deka-prijatelstvoto-vi-visi-na-konec-1

Ако во последно време не се чувствувате удобно со вашите пријатели, проверете дали можеби пријателството ви виси на конец:

Не ви се допаѓа тоа што сте кога сте со пријателот

Можеби станувате пасивно агресивна или полоша личност кога сте заедно со овој пријател или пријателка. Можеби чувствувате потреба да се натпреварувате, а тоа не го правите со другите луѓе. Запрашајте се, дали треба воопшто да го продолжите контактот?


Оваа личност лошо влијае на вас

Ако додека сте заедно, ги занемарувате сопствените потреби или партнерот, односно партнерката, тогаш време е да размислите дали ви е потребен некој таков во животот.


Пријателството нема рамнотежа

Се чувствувате како само вие да вложувате во пријателство без да добиете ништо за возврат? Во пријателството е потребно да постои рамнотежа, а не интерес.


Го опишувате пријателот со лоши зборови

Ако често се нервирате кога ќе се сетите на таа личност или го опишувате употребувајќи лоши зборови, ја исмевате и сличност, тогаш бидете искрени кон себе и престанете да се дружите понатаму.


Ви изгледа како да нема разбирање

Ако пред вашиот пријател не се однесувате слободно и често добивате критики упатени на вашите маани, тогаш во тоа пријателство не постои безусловна љубов каква што би требало да има. 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg