Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9-годишно девојче со големо срце: Сама гради куќи и одгледува зеленчук за бездомниците

Хајли Форт кога имала само 5 години додека шетала со нејзината мајка низ Вашингтон, забележала многу бездомници за кои ѝ било жал.

9-godisno-devojce-gradi-kuki-i-odgleduva-zelencuk-za-bezdomnici-foto-01.jpg

Ја прашала мајка си дали ќе им помогне ако им купи сендвич. Но, тоа не го решавало целосно нивниот проблем.

Почнала да размислува за тоа колку е тажно што некои луѓе живеат на улица без покрив над главата.

Така, дошла до идеја да почне да прави дрвени куќички во кои ќе се засолнуваат бездомниците. Веќе има направено 12 куќички, а почнала да одгледува и овошје и зеленчук за да се прехрануваат, па очекува да собере околу 113 kg плодови.

Инаку куќичките ги изработува од дрвени палети, рециклирани материјали и им става прозорци и тркалца за да може да бидат подвижни каде што има потреба.

Една куќичка ја чини $300 долари, бидејќи сè купува на попуст, а има и сметка за донации од луѓето кои сакаат да помогнат.

Во работата ѝ помагаат родителите, но најчесто работи сама. Таа е пример за тоа како со добрата волја и искрената желба за да се помогне и едно мало девојче може да направи толку големо дело.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg