Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто да се живее „од денес за утре“ е предност?

Животот без многу планови  е просечен животен стил во нашата реалност кој е условен од материјалната ситуација.

zosto-da-se-zivee-od-denes-za-utre-e-prednost-01

Помалку или повеќе сите живеат од денес за утре, но кога тоа не е избор, туку принуда тогаш тој животен стил подразбира извесна помиреност со лошата ситуација, се откажува од борбата за своето место под сонцето и го прифаќа тивкото место под сенката.

На овој начин доживеан и сфатен животниот стил е ограничувачки, наместо да биде ослободувачки, бидејќи нашиот избор и израз на нашиот став и однос кон животот.

Нема планови, нема стрес

Плановите понекогаш не зависат само од нас, а сè што ги вклучува и другите ги вклучува и нивните специфични енергии, настојувања, мотиви кои  може да ги саботираат нашите планови од сосема несвесни и споредни причини. Кога не ковате цврсти планови, отворени сте за секаква опција и подготвени сте да го зграбите она кое најмногу ве привлекува, кое најмногу одговара на вашата природа и вашите потреби. Ваквиот сурферски стил со „јавање на бранови“ носи возбуда и чувство дека сами сте одговорни за својот живот. Нема стрес кој го наметнува современиот начин на живот.


Спонтано одите кон своите цели

Опуштениот човек кој не е оптоварен со очекувањата, знае точно што сака. Она што го оддалечува од неговите цели не се однапред планирани чекори, време, труд и одрекувања, туку реализацијата која може да блесне во момент или до која може да се дојде по заобиколен пат кој не се гледа на прв поглед и кој не е можно да се испланира. Спонтаноста значи отвореност да се реагира. Таа вибрира со високи вибрации на ниво на суштинските потреби на човекот и одличното познавање на релативноста на времето, плановите и достигнувањата.

zosto-da-se-zivee-od-denes-za-utre-e-prednost-2.jpg

Полесно се поднесуваат ударите на судбината

Никогаш не знаете што сè може да се случи, но сето тоа што се случува има свое место во природата и богатството на животот. Денес сте, утре не сте и што е тогаш поважно од тоа да бидете присутни, радосни и задоволни додека можете?


Слободни сте да се менувате

Ништо не ве обврзува да се држите до предрасудите, познатите територии и извесноста бидејќи тоа не е вистината за животот. Промените се добри и треба да ги правите почесто за да се развивате и да напредувате.


Животот од денес за утре е живот во сегашниот миг

Сегашниот момент е единствениот момент во кој имаме моќ да направиме нешто. Сега го можете она што вчера не сте го можеле и не знаете дали утре ќе го можете. Затоа искористете го максимално,  живејте спонтано и слободно.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg