20 феноменални психолошки трикови кои ќе ги научите за 10 минути
Не ви е потребно многу за да бидете успешни на многу животни полиња. Потребни ви се само едноставни трикови кои можете многу бргу да ги совладате.
Ова се 20 основни ментални трикови кои ќе ви помогнат да го добиете тоа што го посакувате, да станете свесни за тоа што другите бараат од вас и што сакате вие од нив.
1. Луѓето најдобро ги помнат првата и последната работа која им се случува, а средината е магловита. Кога закажувате разговор за работа пробајте да издејствувате вие да бидете прва или последна личност која ќе биде интервјуирана.
2. Ако работите во бар или некоја друга услужна дејност ставете позади вас огледало. Така гостите кои ви се лутат ќе имаат можност да го здогледаат својот лик во огледалото и тоа ќе ги намали шансите да се однесуваат непристојно кон вас.
3. Кога нешто продавате гледајте секогаш да ја започнувате темата за вашите производи. Ова не важи само за продавачите. Може на пример, да имате своја теретана. Наоколу секогаш кажувајте која е цената на членарината на тој начин ќе привлечете повеќе потрошувачи.
4. Кога поставувате прашање и добивате нецелосен одговор, останете тивки и задржете го контактот со очите. Другата страна ќе продолжи да зборува.
5. Џвакајте гума за џвакање ако сте возбудени. На пример, имате настап во јавност и чувствувате трема. Џвакањето на мастиката на вашиот мозок му кажува: „Не би џвакал/а мастика, ако бев во опасност“.
6. Луѓето нема да се сеќаваат на тоа што сте им го кажале туку како сте направиле да се чувствуваат. Уште нешто, повеќето сакаат да зборуваат за себеси. Затоа поставувајте што е можно повеќе прашања.
7. Кога нешто ќе научите, обидете се да го/ја научите и пријателот/ката на тоа. Оставете го/ја да поставува прашања и на тој начин ќе знаете дали сте ја совладале материјата.
8. Ако покажете дека сте навистина среќни и возбудени од тоа што гледате некоја личност. Чувствата ќе се пренесат и другата страна ќе биде среќна што ве гледа. Ова не се случува од првпат, туку од втор обид.
9. Физичките реакции на стрес се еднакви на физичките реакции на храброст. Ако почувствувате дека сте нервозни или под стрес, поставете ја ситуацијата во друга насока. Вашето тело се припрема за храброст.
10. Внимавајте на стапалата на луѓето. Ако тие се свртени навнатре, личноста кон која сте насочени не сака да зборува со вас.
11. Ако зборувате со колегата и мислите дека внимава на тоа што му кажувате, но неговиот стомак е насочен кон вас, а стапалата на страна, тој сигурно сака да заврши со разговорот што е можно побргу.
12. Вие сте тоа што мислите дека сте. Ако „глумите“ извесен период личност поинаква од вас, со текот на времето и ќе станете она кое сте го глумеле.
13. Градете своја работна мрежа. Луѓето се најдобар извор на информации. Дури и кафето со бившата колешка може да се воведе во некои тековни ситуации кои ќе ви бидат важни. Поголемиот дел од работните места се добиваат благодарение на контактите, а не на знаењето.
14. Исправете се. Ова не е клише. Извадете ги рацете нанадвор и стојте исправено, на тој начин ќе се чувствувате подобро и другите ќе имаат поголема доверба во вас.
15. Избегнувајте ги зборовите мислам и верувам. Овие зборови не влеваат доверба и нема да ви донесат ништо добро.
16. Кога сте нервозни исчистете ја куќата или канцеларијата.
17. На разговорот за вработување бидете интересни. Ако се фокусирате на тоа да им покажете дека знаете нешто за нив ќе делувате интересно и динамично.
18. Вашите дела влијаат на вашето однесување. Кога некоја група на луѓе се смеат тие инстинктивно ќе погледнат во личноста која им е најблиска емотивно.
19. Ако сакате да стекнете нечија доверба, имитирајте ги нивните движења. Ако тие ја мрднат ногата, суптилно мрднете ја и вие.
20. Ефектот Бенџамин Френклин - Ова е важен совет кога сакате да флертувате. Позајмете некој предмет од личноста која ви се допаѓа. На тој начин по извесен период личноста ќе започне да се интересира за вас и поголема е веројатноста дека и вие на неа ќе и се допаднете.