Како омилениот жанр на филм влијае на вашата тежина
Тажните филмови не само што делуваат на нашата психичка состојба туку делуваат и на нашата телесна тежина.
Луѓето кои преферираат да гледаат драми јадат 55% повеќе храна од оние кои уживаат во комедиите, потврдуваат истражувањата на Универзитетот Корнел.
Научниците објаснуваат дека тоа е така затоа што драмите имаат подолготрајно негативно дејство над луѓето и ги предизвикуваат да јадат повеќе се со цел да го подобрат своето расположение.
Во експериментот на една група и бил даден да го гледаат филмот „Love story“ од 1970 година, а на друга група да го гледаат филмот „Sweet home alabama“ како пример за весела комедија и им бил понуден голем избор на грицки.
Оние кои ја гледале драмата изеле за 36% повеќе пуканки од оние кои ја гледале комедијата. Покрај тоа забележале дека најмногу се ужива во пуканките и сладоледот.
Како резултат на ова истражување, научниците советуваат да ги држиме настрана грицките кога ќе се одлучиме да гледаме филм особено, ако тој е драма која со сигурност ќе не растажи и ќе не натера да консумираме поголемо количество на храна.
Оваа навика влијае на нашата исхрана и влијае на нашата става затоа професорот Вансик кој го извршил овој експеримент заклучува: „Полесно е да ослабете и станете витки по ако не се потпирате на вашата волја“.