Кога животот ќе ви влепи шамар, вратете му со 5 зборови
Во животот не секогаш може да биде како што сакаме. Многу често, многу работи не излегуваат според планираното. Животот знае да ни зададе тешки удари, но мора да научиме да се носиме со тоа и да продолжиме понатаму. Да игнорираме или соодветно да одговориме.
Колку пати ви се случило некој период од животот сè да ви оди од рака, да бидете среќни и задоволни и наеднаш да добиете шамар и да се случи нешто неочекувано што ќе ви ја разниша цела среќа?
Сите имаат проблеми и ничиј живот не е совршен. Кога завршуваат едни проблеми, почнуваат нови или старите го менуваат обликот.
Но, тоа не треба да ве разочарува или фрла во депресија, тајната на животот се состои во една мудрост од 5 зборови: „Не се противете на ништо!“
На пример, кога ќе се случи нешто лошо постојат 2 можности:
1. Да се противите на проблемот така што ќе соберете сè негативно во себе, ќе се нервирате и жалите.
2. Да ја прифатите реалноста, бидејќи секако не можете да ја промените и да продолжите со животот.
Ова е лесно да се сфати но тешко е да се прифати. Но, ако сте подготвени да ја преземете контролата над животот треба да го направите следното:
1. Сфатете дека единствена работа која ја добивате од противењето е само продлабочување на несреќата.
2. Научете да се смеете на апсурдните ситуации во животот. Претворете го гневот во насмевка.
3. Навидум несреќната ситуација претворете ја во најдобра работа која ви се случила во животот.