Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Предмети кои не смеете да ги миете со сјај

Добро познато е дека средството за миење садови се користи како универзално средство за речиси секој предмет во домаќинството, но постојат некои предмети кои силното дејство на сјајот може трајно да ги оштети.

predmeti-na-koi-ne-smeete-da-go-upotrebuvate-sredstvoto-za-mienje-sadovi-01.jpg

Ова се неколку предмети на кои не е пожелно користењето на обичното средство за миење садови.


1. Вашиот автомобил

Доколку вашиот метален миленик се одлучите да го исперете дома наместо да одите во перална за автомобили, пожелно е да го избегнувате сјајот за садови.

Неговото користење може да оштети бојата на автомобилот. Најдобро е да користите специјализиран шампон за миење на автомобили кој има за цел да го заштити горниот слој на бојата.

predmeti-na-koi-ne-smeete-da-go-upotrebuvate-sredstvoto-za-mienje-sadovi-1.jpg


2. Облека наменета за хемиско чистење

Јадете пица и на вашата омилена маичка која за жал е направена од свила (или некоја друга фина ткаенина) ви капнува кечап. Првата инстинктивна реакција е на дамката да ставите ссјај, но имајте на ум дека ова средство може да ја оштети ткаенината.

Најдобро е со првата можност да ја оставите на хемиско чистење.

predmeti-na-koi-ne-smeete-da-go-upotrebuvate-sredstvoto-za-mienje-sadovi-2.jpg


3. Прозори и огледала

Доколку ви заврши средството за чистење на стакло и немате можност во истиот момент кога сте решиле да чистите да купите ново, најчесто го користите сјајот.

Овие површини можат многу лесно да бидат оштетени како резултат на абразивното дејство на средството и да нив да останат бели траги.

predmeti-na-koi-ne-smeete-da-go-upotrebuvate-sredstvoto-za-mienje-sadovi-3.jpg


4. Машина за садови

Дали можеби ви завршија таблетите за машината? Никогаш не е добра идеа нив да ги замените со средството за миење на садови, освен во случај да сакате просторија преполна со пена.

За разлика од обичните средства таблетите се прилагодени за машините и помалку пенат од обичните средства.

predmeti-na-koi-ne-smeete-da-go-upotrebuvate-sredstvoto-za-mienje-sadovi-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
10 практични кујнски предмети од TEMU до 150 денари Апаратче кое ги лупи јајцата како од шега, метален држач поради кој нема да си г...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Генијални и практични предмети направени од луѓе кои се родени да бидат дизајнери (фото) Страници од весник со дезен за пакување подароци, четка за коса со гратис алат з...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg