Мразот го ставате откако ќе ја наполните чашата: Каде грешите кога пиете алкохол?
Секој сака добра забава и алкохол, но постојат некои правила до кои неопходно е да се придржуваме доколку сакаме да бидеме пријатен гостин на нечија формална коктел забава или да ја приредиме најдобрата забава за најблиските пријатели.
Ова се 8-те поважни правила за добар бон-тон при консумирањето на алкохолни пијалоци.
1. Не се појавувајте на коктел забава со празни раце
Основното правило секако дека не важи во сите околности, но доколку присуствувате на мала забава кај пријателите или пак на некоја коктел забава не е баш најпријатно да се појавите со празни раци. Добро ги знаеме оние личности кои се одлучуваат да се појават на мали коктел забави без ниту едно мало вино. Ја празнат шведската маса во рок од неколку секунди и потоа среќно си заминуваат дома. Дали тоа е пријатна и културна ситуација?
2. Коктел чадорчиња
Не заборавајте дека има и време и место за вашите омилени декорации на коктелите, но истите не се за коктел забавите. Слободно употребувајте ги доколку сте на некоја егзотична плажа. Во секоја друга пожелно е да ја избегнете нивната употреба.
3. Лично служење со алкохолните пијалоци
Доколку присуствувате на некоја формална забава голема е веројатноста дека ќе има кетеринг компанија која ќе биде задолжена за послужувањето на храната и пијалоците. Не е неопходно веднаш да се насочите кон барот и први да го дофатите коњакот. Во некои земји пожелно е да се почека и пред првата голтка се додека сите на забавата не се послужени.
4. Мешање на алкохолот со енергетски пијалоци
Можеби станува збор за вашата омилена комбинација, но на неа придржувајте се додека сте во дискотеки. Доколку се одличите за ваков тип на пијалак поголема е веројатноста дека ќе завршите утрото со главоболка.
5. Мразот го ставате последен
Ако сте на мала забава со најблиските во ред е да се послужите со поголема количина на мраз и да ја ставате кога и како сакате, но на формална забава пожелно е да внимавате на тоа мразот секогаш да дојде пред ставањето на алкохолот и да биде во мали количини.
Ставањето на коцки мраз не само што ќе го разлути твојот гостин, туку и ќе го наруши вкусот на пијалакот.
6. Мавтате кон келнерот
Можеби ви се чини дека овој начин на повикување на келнерот е ефективен. Вистинското прашање е дали е тоа во ред? Поголема е веројатноста дека во големите гужви ќе се погрижи да го почекате што е можно повеќе.
7. Полнење на криглата пиво под погрешен агол
Правилниот начин на полнење на криглата му е добро познат на секој келенер, но во мали групи начинот на кој е ставено пивото најчесто е погрешен. Никој не сака пена со пиво нели? Навалете ја чашата под агол од 45 степени и така во криглата ќе го ставите совршеното пиво.
8. Едноставно пиете премногу
Гласните луѓе во групата не се пожелни. Не се мисли секако на сите. Се мисли на оние доминантните луѓе кои испиле неколку чашки повеќе и упорно продолжуваат со извикувањето на тоа колку е тоа најдобрата забава на светот. Голема е веројатноста дека некој друг ќе треба да го извлече од групата и да го трезни или едноставно да го стави во такси и да го прати дома на добро спиење.