10 Тајни во говорот на тело кои ги знаат само успешните луѓе

Успешните луѓе се раѓаат под посебна sвезда бидејќи успешен човек можеби се станува, но личноста која ја има таа способност да стане успешна, мора претходно да има нешто што другите го немаат.

10-tajni-vo-govorot-na-telo-koi-gi-znaat-samo-uspesnite-lugje-1

Тоа се однесува на истакнат индивидуализам, специфичен изглед, говор на тело, капацитет за учење, разбирање, отворен ум, слободно размислување и бунтовнички дух.

Од сите овие работи кои успешниот човек ги има за разлика од обичниот, говорот на тело игра голема улога во неговата успешност, бидејќи е стекнат токму од неа и го истакнува успешното на секој успешен човек.

Ова се тие 10 тајни во говорот на телото кои ги знаат само успешните луѓе, а вие ја имате таа привилегија да ги дознаете и доколку се одлучите истите да ги примените кај себе.

1. Арогантност

Доколку сте арогантни, луѓето нема да ве сакаат, но доколку се однесувате коректно и ги гледате сите луѓе еднакво, тие ќе ве обожуваат бидејќи се тешат дека не сте поуспешни од нив во нивните очи.

Затоа успешните луѓе иако знаат дека се поуспешни, тие секогаш ќе се ракуваат, ќе зборуваат и ќе се однесуваат кон вас без арогантност мотивирајќи ве да бидете како нив.


2. Вештачки гестови

Мутирање на гласот од длабок во тенок и сладок ги пара ушите бидејќи се забележува дека е вештачки, исто така и тапкање по рамо на шеговит начин или други гестови кои успешните луѓе не практикуваат да ги применуваат.


3. Гледање во часовникот

Да се гледаш постојано во часовникот е некултурно и покажува дека ви е здодевно, дури и кога се работи за обична навика за гледање во него. Успешните луѓе не го прават тоа бидејќи сакаат да искажат почит кон другите, а доколку навистина немаат време ќе ви кажат директно без постојано да го гледаат часовникот за да сфатите сами.


4. Прекрстени раце

Прекрстени раце покажуваат заштита, односно неудобност, а успешните луѓе не се чувствуваат неудобно пред никого. Тие нивните раце ги држат секогаш на маса, потпрени на местото на кое што седат или на своите колена.


5. Зборувањето и фацијалните изрази

Доколку тоа што го зборувате не се согласува со вашите фацијални изрази, вие ќе делувате вештачки, а успешните луѓе не се вештачки, па поради тоа внимаваат она што го кажуваат секогаш да биде усогласено со нивните фацијални изрази.

10-tajni-vo-govorot-na-telo-koi-gi-znaat-samo-uspesnite-lugje-2

6. Гестикулации

Вртење на косата околу прстите, чешање, допирање на лицето, триење на рацете или лижење на усните искажува нервоза и несигурност, нешто што успешните луѓе го немаат во себе.


7. Очен контакт

Очниот контакт додека зборувате со некого е многу важен, бидејќи доколку го нема, соговорникот ќе мисли дека не внимавате на вашиот разговор.

Ако гледате надолу давате впечаток дека лажете, ако гледате нагоре давате впечаток дека не слушате, а доколку ги превртувате очите, тоа е јасен знак дека не го почитувате соговорникот.

Секогаш внимавајте очниот контакт да биде воспоставен во согласност со вашето обраќање кон соговрниците.


8. Ракување

Лабаво ракување покажува несигурност, силно ракување покажува немање на култура, додека пак средно и добро стегање на раката покажува сигурност и независност, односно самодоверба.


9. Професионалност

Успешниот човек никогаш нема да прашува, ниту да одговара повеќе од тоа што смета дека е професионално.

Од успешен човек никогаш нема да извлечете информација плус бидејќи тој знае да си ја зачува приватноста за себе и ќе ви постави граница на прашување уште при првото прашање на кое ќе ви даде само професионален одговор.


10. Слободен простор

Кога зборувате со некого, потребно е да сте на растојание од еден метар за да го исполнувате правото на слободен простор во кој ќе се чувствуваш угодно при разговор.

Доколку сте премногу блиску до соговорникот е нападно, а доколку сте далеку покажува незаинтересираност.

Успешните луѓе секогаш седат доволно близу за да покажат заинтересираност дури и кога ја нема, а доволно далеку за да си заминат ако вие делувате нападно.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg