Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лошата карма е болест без лек!

Знаеш ли како е кога се наоѓаш во ќор-сокак, подобро речено пекол во кој ти гори кожата од невидливи пламени оган, а ти не можеш да ги изгаснеш?

losata-karma-e-bolest-bez-lek-1

Невидливи се, нели?

Како би ги изгаснал во својата глава, како би ја оладил кожата која полека се топи, а ти стануваш се понезабележителен, помал, полека избледнуваш и се претвораш во жарче кое станува пепел.

Чувствуваш благо ветре како те носи низ просторот, те дува во водите, низ планините, над покривите од куќите, влегуваш во очите на луѓето, ги насолзуваш, ги расплакуваш, те тријат со рака и наеднаш те снемува.

Не останува ништо ниту од твојот пепел, а луѓето те паметат само како нешто што ги расплакало, нешто што им го поматило видот, за кратко.

Избезумен, седиш во тој ќор-сокак свиткан во положба на фетус, не гледаш напред, како би гледал кога воопшто не гледаш ништо.

Поќор си од тој ќор-сокак кој те снеможува, ти предизвикува мачнина, гадење, ја фаќаш главата со двете раце, ја удираш од sид, сакаш да избегаш, но не можеш.

Никогаш не можеш да избегаш од себеси, никогаш нема да успееш да излезеш од тој ќор-сокак се додека не прогледаш.

Не можеш да се спасиш се додека не посакаш да бидеш спасен, не можеш да добиеш ако не побараш претходно.

Не можеш да ја видиш светлината ако постојано очите ти се затворени.

Отвори ги, изборот е твој…

Изборот е мој, но не ги отварам, се плашам, викаш, а стравот е страшен само за оние што му се плашат, мене веќе не ме плаши, мене ме преплашува до смрт во тој ќор-сокак преполн со моите сомнежи, одлуки, неодлуки, недовршени работи, неискажани зборови, грешки...како рекле, лошата карма е кучка.

Таа е како болест од која не можеш да оздравиш без претходно убаво да те исцрпи, но за тоа требало да мислиш порано.

Како велат старите, подобро да се спречи, отколку да се лечи, но кога се работи за лоша карма, не постои спречување, никаков лек.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg