Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 причини зошто мажот кој чува куче ќе биде прекрасен партнер

Имате сосед кој буквално не се одвојува од својот миленик или можеби вие сте дечкото кој го чува своето куче како дете? Во било кој случај и да се пронајдовте, само продолжете да читате.

7-pricini-zosto-mazot-koj-cuva-kuce-ke-bide-prekrasen-partner-01.jpg

Ќе наидете на основните 7 квалитети кои ги поседувате или ги има вашиот потенцијален животен партнер.

1. Мажот кој чува куче е друштвен и забавен

Заради тоа што кучињата се друштвени и забавни животни, таков е и мажот кој ги чува. Тој никогаш не се чувствува чудно помеѓу група странци во паркот затоа што едноставно е принуден да оствари контакти со секој кој ќе му се приближи на неговото куче. Тоа понатаму во животот е голема предност.


2. Свеста му е многу поразвиена

Многу истражувања, но и практични ситуации покажуваат дека сопствениците на кучиња имаат повисоки цели и подетално ги извршуваат задачите. Таквите луѓе се многу посвесни и попријателски настроени. Кој не би сакал ваков човек покрај себе?


3. Поактивен е

Со самото тоа што чува куче има обврска барем 2 пати дневно да прошета со него, што дефинитивно го прави поактивен и поздрав од оние кои не чуваат миленик. Исто така, сопствениците на кучиња се во постојана потрага по нови активности како би ги задоволиле желбите на љубопитните пријатели, но и сопствените.


4. Поодговорен е на секое поле

Со кучето си доаѓаат и обврските. Животот со него си бара трпение и посветеност на неговите потреби. Ако би требало да одат на вечера или пиво со пријателите, мажите со миленик прво ќе се осигураат дека тој ќе биде задоволен и згрижен за тие неколку часа. Благодарение на оваа грижа и чувство на одговорност, секогаш може да сметате дека истите ќе ги примени и со својата партнерка, па и деца.

7-pricini-zosto-mazot-koj-cuva-kuce-ke-bide-prekrasen-partner-02.jpg

5. Посветен е

Кога имате верен и посветен пријател, голема е веројатноста дека и вие ќе ги примите овие добри особини.


6. Простува

Кучето ви ги изгризало омилените патики или скапата фотелја, а вие му вративте со весник по задникот? И потоа повторно следува каење заради оној тажен, кучешки поглед... Сопствениците на куче веќе добро знаат да ги препознаат знаците за искрено каење, па затоа многу полесно простуваат.


7. Опуштен е

Мажите кои имаат куче добро знаат дека за среќа е потребно малку. Тие се водат по паролите „се ќе биде во ред“ и „лесно ќе го надминеме ова“ заради што живеат многу поопуштено и поспонтано. Токму заради тоа од него може да очекувате релаксирана, партнерска врска.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg