Реклама поради која се расплака цел свет (видео)
Аргентинска реклама која го промовира донирањето органи го расплака целиот свет. Во неа на многу тажен начин е прикажано колку е важно да станете донатор на органи за да спасите нечиј живот.
Главни ликови во видеото се кучето и неговиот сопственик. Тие постојано прават сè заедно. Појадуваат, шетаат, си играат како неразделни пријатели.
Еден ден на сопственикот му се слошува и доаѓа Брза помош да го однесе во болница. Кучето трча по комбето и стигнува пред болницата каде останува да чека додека не излезе неговиот сопственик.
По некој ден низ вратата забележува девојка во количка, која претходно правела операција за трансплантација на срце. Кучето како да знае чие срце ѝ е пресадено, па се стрчува во прегратка.
Наеднаш старото пријателство се обновува. Кучето добива нова пријателка со старото добро срце на претходниот сопственик, а таа добива нов пријател.
Рекламата е поставена на YouTube со цел да укаже на важноста за донирање на органи и има скоро 300.000 прегледи.