Нема повеќе изговори: Вистинските причини зошто некои луѓе секогаш доцнат

„Извини, што доцнам. Немав време.“. Колгу пати сме ја слушнале оваа реченица од оние кои се секогаш на листата на пријатели кои секогаш доцнат. Кои се причините кои ги наведуваат на ова однесување?

nema-povekje-izgovori-vistinskite-pricini-zosto-nekoi-od-nas-sekogash-docnat-01.jpg

Можеме да седнеме и да читаме редови и редови празни зборови за тоа зошто навистина луѓето доцнат и секогаш ќе се вртиме во круг. Се чини дека постои една заедничка реченица која може да ги опише сите хронични „доцначи“ и да даде една универзална причина зошто го прават тоа.

Луѓето доцнат затоа што едноставно не сакаат да бидат на време или порано пристигнати на дестинацијата.

Некои од нас се целосна спротивност на овој тип. Се подготвуваат навремено и излегуваат или порано или навремено. На местото се точно на време или барем 15-тина минути порано и секако се што им преостанува е да се паркираат со колата или пак, доколку се пеш, да седнат на најблиската купа и барем 20-тина минути да чекаат.

Така како што овие луѓе имаат страв од тоа да доцнат, нивната спротивност има страв од тоа да биде на местото прерано пристиганата. И овој страв умее да биде вистинска мотивација да во друштвото имате секогаш барем една личност која секогаш доцни и ќе доцни.

Доколку ги запрашате за причината секогаш ќе добиете некои од типичните изговори и колку и да ве нервира ова однесување, не треба да гледате на него како игра на моќ. Не е дека не го ценат вашето време или пак дека сакаат целото внимание да биде свртено на нив кога ќе пристигнат. Некои истражувања велат дека така се навикнати или „испрограмирани“.

Ако ги прашате зошто доцнат нема да ја добиете вистинската причина. Ќе добиете само низа изговори. Тогаш кои се вистинските причини за доцнењето?


1. Подранувањето е неефикасно

Да се биде некаде порано значи да треба да чекате некаде и ништо да не правите. Временскиот период на чекање е доволно краток да немате никаква шанса да започнете нешто друго додека чекате.


2. Подранувањето им предизвикува силен немир

За луѓето кои секогаш доцнат подранувањето и чекањето во едно место е непријатно и неудобно. Дури може и да чувствуваат како некој да ги гледа или суди, без разлика на тоа дали ова е вистина или не. Стигањето навеме може да ги направи да се чувствуваат горди на себе, но подранувањето прави да се чувствуваат неразумно. Сметаат дека другите ќе гледаат на нив како на луѓе кои немаат живот и дека не го ценат своето време.


3. Не гледаат продуктивно на оваа навика

Како што за некои вредноста на времето значи да се биде секогаш навреме или порано, за овие луѓе вредноста на нивното време се гледа во тоа да го избегнат чекањето бидејќи за нив истото е целосно неефикасно.


4. Понекогаш за нив подранувањето е одраз на некултура

На пример, одите кај пријател кој подготвува вечера. Ако дојдете порано постои можноста само да му попречувате. Така оние што хронично доцнат гледат како почитување на времето на другата личноста.

Да навистина е тешко да се премине преку оваа навика. Да му се каже да некој да не доцни е како да му се каже да на вегетаријанецот да стане „месар“. Решението на овој проблем не лежи во „поправање“ на навиката туку во менување на горенаведените сфаќања. Научете се да гледате на подранувањето како на вредност која вреди да се поседува и како конструктивно може да го искористите времето.

nema-povekje-izgovori-vistinskite-pricini-zosto-nekoi-od-nas-sekogash-docnat-1.jpg

Како конечно да престанете да доцните?

1. Направете си стратегија

Ветете си дека ќе работите на проблемот барем еден месец.


2. Научете се поинаку да гледате на времето

Многу од оние кои доцнат имаат тенденција погрешно да го проценат времето кое им е потребно за подготвување. Окажете се од овој наивен оптимизам.


3. Никогаш не планирајте да бидете на време

Доколку доцните, пробајте да гледате како да стигнете порано, а не на време. На тој начин ќе започнете порано со подготовките пред излегување.


4. Кажете му добредојде на чекањето

Доколку мислите дека ќе чекате и ќе се досадувате, понесете книга или списание со вас.

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg