Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 Големи работи кои ги сфатив откако пораснав

Кога сме мали и грижата за нас ја превземаат нашите родители, мислиме дека парите не се трошат, горивото за колата е неограничено, јадењето само се готви, а сметките сами се плаќаат...

9-golemi-raboti-koi-gi-sfativ-otkako-porasnav-1

 Но, откако ќе пораснеме и се соочиме со вистинскиот живот оставени сами на себеси, тогаш ги сфаќаме овие 9 големи работи кои не сме ги знаеле додека сме биле мали.

1. Останувањето буден до доцна е навистина лоша идеја

Посебно доколку наредното утро треба да станеш рано за на работа, тогаш навистина е многу лоша идеја да останеш на компјутер или во ноќен клуб до доцна.


2. Постојат многу, многу сметки

За струја, вода, интернет, телефон, улично осветлување, одржување на зградата, поправка на лифт, сметки, сметки колку сакаш, тие се насекаде.


3. Копчето snooze е смртен непријател

Бидејќи ќе те мачи во кревет и нема да те остави ниту да спиеш, ниту да се разбудиш целосно.


4. Ако ти се јаде мораш да зготвиш или да потрошиш пари

Нема повеќе готово јадење на маса зготвено од мама кое сме мислеле дека се готви само. Сега доколку сакаме да јадеме сфаќаме дека мора да научиме да готвиме или да потрошиме дел од  својот буџет за купување намирници.


5. Возењето без дестинација е трошење на гориво

На сите ни било сон отсекогаш да имаме автомобил со кој ќе возиме бесцелно низ градот, а можеби и подалеку. Но, откако пораснавме сфативме дека автомобилот не работи на вода, туку на гориво кое е прилично скапо.


6. Перењето на долна облека е вечен процес

Бидејќи долниот веш го менуваме секој ден и тоа е неизбежен процес во животот како и перењето на истиот.


7. Кога работиш, попрво би одморил отколку да излегуваш за викенд

Доколку излегуваш секој ден од викендот не само што ќе потрошиш многу пари, туку и во понеделник ќе бидеш уморен за да ја извршиваш својата работа како што треба.

Тоа не влијае само врз работата, туку и врз организмот бидејќи го измачуваме во состојба во која би требало да одмара наместо да работи.


8. Од обврските не можеш да избегаш

За разлика од она кога сме ја скршиле чашата како мали и сме молчеле дека ние сме го направиле тоа, во животот нема да успееме ако не прифатиме одговорност или ја префрлиме на друг.


9. Поубаво е кога си мал

Бидејќи едноставно не се соочуваш со сите овие работи кои те чекаат во животот кога ќе созрееш.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg